Забава, Концерти / Настани

Филмски Фестивал: Иднината е меѓу твоите нозе

Коалицијата “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ има огромно задоволство да ве покани на фестивалот кој се посветува на сексуалноста и родот во алтернативниот филм и видеото во екс Југославија.

За разлика од националистички ориентираната историографија на ревизионизам, и нејзиното неправедно хомогенизирање на комплексноста на југословенското наследство под капата на “титоистичкиот тоталитаризам“, во овие неколку дена сакаме да и пристапиме на историјата на сексуалноста во Југославија одново преку посуптилен, внимателен, и историски сензитивен пристап.

Целта на фестивалот е да го донесе во преден план значењето за колективната меморија што го имаат различните форми на сексуална и родова имагинација и отпор во културната продукција во рамки на алтернативниот филм, видеото и субкултурните практики во Југославија.

14713689_919956254777826_7952349782537549113_n

Програма:

21.10 (Петок)

20:00 (Кино Фросина)
Должината не е важна – Хрватскиот алтернативен филм 1964-1989
Селектор: Жељко Лукетич
Филмови:
-Семеен филм 1 и 2 (Томислав Готовац )
-Дождовно-невина сабота (Лордан Зафранович)
-Струење (Хрвоје Туркович)
-Ин континуо и Еквилибриум ( Мирослав Микулјан)
-Адам и Љубовно искуство (Дасен Штамбук)
-Обнова (Невен Корда)
-Девојки (Јасна Месарич)
-Втор кат, Подрум (Иван Салај)

* За оваа селекција нема да биде дозволен влез за лица под 18 години

22.10 (Сабота)

13:00 (Кино Култура)
Без гордост 2013: Репрезентација на квир идентитетите во Источноевропската уметност и култури
Предавање на Саша Кесиќ (Белград)

19:30 (Кино Фросина)
“Иднината се наоѓа меѓу вашите нозе се до војната, потоа сѐ уште ќе остане таму…“
Марина Гржинич ги претставува видео делата на Марина Гржинич и Аина Шмид

Видеа:
– Икони на гламурот, Одеци на смртта
– Заканата на иднината
– Синди Шерман или Хистерија продукција ви претставува Реконструкција на фотографиите на Шерман
-Биолокација
-Лавиринт
-Луна 10
– Апатија, СИДА и Антарктик

* Проекциите ќе бидат следени со дискусија на тема “Непослушни тела: Сексуалноста, родот, класата и утопијата во (екс)Југославија“
Учесници: Гена Теодосиевска (Мкд), Марина Гржиниќ (Словенија), Адела Јушиќ (БиХ), Саша кесиќ (Србија).

23.10 (недела)

18:00 ( Кино Култура)
“Секс, брак и репродукција: Создавањето на идеалната југословенска жена“ – Предавање на Адела Јушиќ (Босна и Херцеговина)

22:00 (Концепт 37)
DJ сет на Виолета Качакова и видео проекции на видеа од Borghesia

Previous ArticleNext Article