Забава, Филм

Апартманот кој е инспирација за “Fifty Shades of Grey” (ФОТО)

Додека го чекаме продолжението на еротската трилогија “Fifty Shades”, наречен “Fifty Shades Darker”, кој треба да излезе следниот февруари, можеме да уживаме во апартманот на Кристијан Греј.

Имено, апартманот кој послужил како инспирација за описот на луксузниот апартман на ликот во книгите, сега е даден на продажба за 8,8 милиони долари.

Зградата се вика “Escala”, а според описот на апартманот, тој располага со три спални соби, три купатила и прозорци од подот до таванот кои нудат неверојатен поглед на Сиетл.

Моменталниот дизајн е малку поедноставен од она што можевте да го прочитате во книгите или видите во филмот, но сепак е далеку од лош.

Исто така, во зградата се наоѓа 24 часовна услуга, приватен спа центар и базен, а сигурни сме дека Кристијан Греј и Анастасија Стил би пронашле многу креативни работи како да ги искористат сите овие погодности.

Previous ArticleNext Article