Забава, Култура, Филм

The Young Pope нова серија на HBO

HBO ја најавува ексклузивната премиера на првите две епизоди на новата серија „The Young Pope“ („Младиот папа“), во копродукција на HBO, Sky и Canal +, која на ќе биде емитувана HBO каналот во петок, 28 октомври во 20 часот. 

img-298933

„The Young Pope“ („Младиот папа“) ја раскажува контроверзната приказна за почетокот на понтификатот на Пиј XIII, роден како Лени Белардо. Изборот на овој млад и шармантен Папа најверојатно е резултат на ефикасната медиумска стратегија од страна на Колегиумот на кардинали. Но, изгледот може да лаже. Особено во место и меѓу луѓе кои одбрале да живеат по волјата Божја. Тоа место е Ватикан, а тие луѓе се водачи на Црквата.

Првиот американски папа, Пиј XIII е човек со голема моќ, кој е тврдоглаво отпорен спрема ватиканските додворувачи и воопшто незасегнат од импликациите кон неговиот авторитет затоа што и самиот тој е најтаинственот и најконтрадикторниот од сите нив. Тој претставува комплексен и конфликтен лик, кој во своите животни избори бил премногу конзервативен, а сепак полн со сочувство за послабите и сиромашните. Мудар и наивен, ироничен и педантен, сомничав и одлучен, меланхоличен и немилосрден, Пиј XIII се обидува да ја премине бескрајната река на човечката осаменост за да го пронајде Бог кој може да го подари на човештвото. Но, и на самиот себе.

img-298935

Серијата, која беше претставена на Филмскиот фестивал во Венеција, е во режија на Италијанецот Паоло Сорентино, добитник на Оскар за филмот „Големата убавина“. „The Young Pope“ има десет епизоди, а во главната улога ќе го гледаме Џуд Ло, а во останатите Дајен Китон, Сесил Де Франс, Силвио Орландо и други.

Секој петок во 20 часот ќе се прикажуваат по две нови епизоди, а серијата ќе биде достапна и преку услугата на видео на барање HBO On Demand. Првата епизода на „The Young Pope“ ќе биде достапна бесплатно преку услугата HBO GO.

Извор kajgana.com

Previous ArticleNext Article