Забава, Концерти / Настани, Стил, Фото и Видео

Ечеше Македонската Химна во Грац: Нашите деца петти во свет

Светски шампионат за танци IDO WORLD CHAMPIONSHIP оваа година се одржува во Грац, Австрија. Македонија ја преставуваат танчерите од Студиото за модерни танци Break a leg. Настапуваат танчери во повеќе категории: Хип хоп формација деца UNITED KIDS BREAK A LEG, Хип хоп групи Јуниори, Хип Хоп формација Сениори, Хип хоп група возрасни Adult 2 – HIP HOP GROUP ADULT 2 BREAK A LEG MAMAS, HIP HOP SOLISTI.

Натпреварот започна од 19.10.2016 и трае до 23.10.2016

Од досегашниот тек на натпреварот ги имаме следните резултати: Хип хоп формација деца UNITED KIDS STUDIO BREAK A LEG MACEDONIA 5 то место во свет, ова е најдобар пласман на Македонија во групно претставување, Формација деца се шампиони на Балканот.

Децата имаат безрезервна поддршка од родителите и ги пратат децата на секој натпревар. Во Грац беа пример за тоа како се навива за својата држава!

14794209_547989655398159_898730419_n

Во категорија возрасни, настапуваа мајките чии деца се дел од Студиото Break a leg MAMAS. Оваа година тие го подобрија пласманот од 12то место и стигнаа до 9то место Хип хоп група Аdult 2.

14801110_547991665397958_947343292_n

Најдоброто што и се случи на Македонија е злато и сребро за Силистите од Студио Break a leg : Антевска Деа Злато и Бенџамин Џафери Сребро.

Се вееја македонските знамиња и се пееше македонската химна во Австрија!
Деновиве има и други натпреварувачи за чии резултати допрва ќе имаме информации.
Previous ArticleNext Article