Забава, Технологија

LETZ е апликацијата која мора да ја инсталирате веднаш, а еве и зошто!

Letz.do, македонскиот стартап кој доби 100.000 евра од SC Ventures денеска на познатата платформа за откривање стартапи и нови идеи, ProductHunt, официјално ja објави својата апликација.

image-1108

Letz, стартуван од Нино Карас и Мартин Анчевски, кои се исто така основачи и на CodeWell, е апликација која се стреми да ја подобри вашата продуктивност во извршување на секојдневните обврски. Луси е една од карактерите на оваа апликација која е чет-бот базиран на вештачка интелигенција и има неверојатна смисла за хумор. Целта на создавањето на оваа апликација е покрај подобрување на личната продуктивност на корисникот, создавање и градење на една посебна емоционална врска помеѓу Луси како карактер и корисникот.

За своето лансирање, тие целат кон освојување на првото место на листата на ProductHunt –  платформа на која сите светски стартапи целат да си го објават својот продукт и да се пласираат барем меѓу првите пет бидејќи со тоа доаѓа голема популарност и видливост од страна на интернет корисниците а и медиумите.

За своето лансирање, во соработка со тимот на Reborn изработено е и промотивно видео за Letz.

Конкуренцијата за добивање на добра позиција на Producthunt е глобална и воопшто не е мала, па по тој повод организираат After Work забава во нивната канцеларија на ул. Диме Аницин бр. 9 (во уличките позади Универзална сала) со цел да мотивира повеќе луѓе да го поддржат проектот.

„Чест ни е да споделиме со сите вас дека денеска, официјално го лансираме Letz на ProductHunt!  Затоа, ве покануваме на Аfter work забава во нашите простории на ул. Диме Аницин бр. 9 со почеток во 19:00 па сѐ до сабајле. Дојдете заедно да го поддржиме Letz и да си поминеме убаво! На вас останува да дојдете и да нѐ поддржите, а за пијачка ич не берете гајле! Пивото е веќе во фрижидер :)“ – гласи поканата на тимот зад Letz.do.

Апликацијата може да ја преземете за вашиот Android или iPhone, а за да го поддржите проектот на ProductHunt, кликнете тука.

Им посакуваме успех од светски размери!

Извор: it.mk

Previous ArticleNext Article