СПОРТ

МЗТ ќе се појача со Стојан Ѓуроски

МЗТ Скопје конечно ќе доведе уште еден македонски репрезентативец во своите редови, откако актуелниот шампион ги договори условите за соработка со Стојан Ѓуроски. Тој вечерва го следеше дуелот со Цедевита зад еден од кошевите, во друштво на Клоф, а се очекува веќе во текот на утрешниот ден и официјално да го стави својот потпис на договорот со „металците“.

11952995_10206399467400734_4611857833076967089_n

Раководството на МЗТ го бараше Ѓуроски и во текот на летово, но не успеа да постигне договор за соработка со крилниот кошаркар. Сепак, тој во меѓувреме не најде нов клуб, МЗТ Скопје се соочи со криза по повредите на Симоновски, Клоф и на Дреновац, па двете страни повторно седнаа на преговарачка маса и ги договорија условите за соработка.

Стојан Ѓуроски своето деби за македонскиот првак ќе го има претстојниот викенд, на гостувањето против Мега лекс во рамките од седмото коло во АБА-лигата.

Previous ArticleNext Article