Култура, Филм

„ПРЕСПАВ“ – Нова македонска ТВ серија на Телма

Возбудени за големото отварање? Во новиот пансион не е оставено ништо на случајност, сè е според правила! Пасионот “Преспав” е совршена локација за релаксиран одмор во прекрасна атмосфера.

Рецепцијата е подготвена, собите ги добиваат последните детали, вратите на Преспав се отвораат на 31 октомври (понеделник) во 20.30 часот на Телма, веднаш по политичко дебатната емисија Топ тема.

prespav2

Се работи за новата македонска хумористична серија со информативен и едукативен карактер, која ја прикажува семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во преспанскиот регион, благодарение на средствата добиени од ЕУ фондови.

Пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во Република Македонија, во кои се прекршува балканскиот менталитет, од кој ликовите не можат да избегаат, и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои ќе можат да се препознаат и самите гледачи.
Снимени се 40-тина епизоди. Главни ликови се Васил, Игор, Игор, Јелена, Тијана и Владо, а останатите ќе бидат специјални гости во одредени епизоди.

prespav-film

Режисер е Игор Иванов – Изи, а гости-режисери на одредени епизоди ќе бидат и Елеонора Венинова (режисерка на краткометражните филмови Борба за смрт и Влакна), Даријан Пејовски (режисер на филмот Три дена во септември) и Вардан Тозија (режисер на филмот Џган). Сценарист е Елеонора Венинова и уште некој од ОХО продукцијата, а како сценаристи на дел од епизодите се јавуваат и Венко Андоновски плус уште 2-3 луѓе на кој не им го знам имево. Во главните улоги се јавуваат Тијана Дапчевиќ, Јелена Јованова, Игор Ангелов, Горан Стојаноски, Васил Зафирчев…

Во продолжение погледнете го трејлерот на новиот ситком на Телма, за кои многумина ќе речат дека ветува конечно квалитетна и гледлива домашна програма.

Previous ArticleNext Article