СПОРТ

Вардарки гостуваат во Русија кај Астраханочка

Женскиот ракометен првак на Македонија, ЖРК Вардар попладнево го третиот натпревар во Лигата на шампионките.
Вардарки во рамките од 3.коло на Б групата гостуваат во Русија накај екипата на Астраханочка.
Црвено-црните во изминатите две кола одиграа нерешено со Ференцварош и славеа убедлива победа против Лајпциг, па на мечот во Астраханочка ќе атакуваат на втората победа.  Руската екипа во првото коло пред својата публика ја победи екипата на Лајпциг додека во второто на гостувањето кај Ференцварош загубија со 9 голови разлика.
1qe3qwefd-84799
Натпреварот, Астраханочка – Вардар ќе започне од 15 часот, додека средбата меѓу Ференцварош и Лајпциг ќе се игра во недела.
На табела на првите две позиции со по 3 освоени бодови се ЖРК Вардар и Ференцварош, Астракханочка има 2, а Лајпциг е без освоен бод.
Во останатите три групи двојките се:
А група: : Турингер – Будуќност (недела) и  Гласверкет – Мец (недела)
Табела:  Будуќност 4 бодови, Мез 2, Турингер 2, Гласверкет 0.
Ц група: : СЦМ Букурешт – Ѓер 24-27 и  Ростов Дон – Мидтнјиланд – (сабота 18)
Табела: Ѓер 6,  СЦМ Букурешт 2, Мидтјиланд 2 и Ростов Дон 0.
Д група: : Крим Меркатор – Савенхоф (сабота) и Есбјерг – Ларвик (недела).
Табела: Есбјерг 4 бодови, Савенхоф 2, Крим Меркатор 2 и Ларвик 0.
Previous ArticleNext Article