Забава, СПОРТ

Урко е новиот претседател на Кик-Бокс Федерацијата на Македонија

На вонредната седница на Кик-бокс федерацијата на Македонија Дејан Митровски – Урко е избран за новиот претседател.

Воедно како што се вели во соопшетието на КБФМ до медиумите, се вели дека е избран и нов Надзорен и Извршен одбор.

unnamed-6

„Го сакам кик боксот, ќе работам чесно и достојно во согласност со Статутот на КБФМ за доброто на кик боксот и за негово издигнување на уште повисоко ниво. Веќе работиме на подобрување на меѓуклупските и меѓутренерските односи, за сите заедно да дадеме свој придонес кон зајакнување на колективот меѓу клубовите во федерацијата кој ќе вроди со продуцирање на поквалитетни натпреварувачи и постигнување на уште поголеми резултати, како на домашни, така и на меѓународни првенства.Јавно им се обраќам на сите кик бокс клубови, тренери, натпреварувачи и спортски работници дека вратите на Кик бокс федерацијата се отворени за сите оние кои вистински сакаат да бидат дел од неа. Во следниов период акцентот ќе го поставиме на вториот дел од Европското сениорско ВАКО/WAKO првенство кое ќе се одржи во Лутраки, Грција, со што ќе го завршиме овогодишниот натпреварувачки календар. – изјави Урко“

Previous ArticleNext Article