Вести, СПОРТ

Тажна вест ја потресе фудбалска Битола: Прерано згасна еден млад живот

Страшна вест ја потресе фудбалска Битола. Прерано почина Воислав Стоиљковиќ поранешен голем талент и член на ФК Пелистер но и клупски секретар, објави Македонски спорт.

Фудбалската јавност во Битола е потресена. Вчеравечер стигна веста за смртта на Воислав Стоиљковиќ кој последниве месеци живееше со фамилијата во Германија.

Воислав Стоиљковиќ кој почина на 40 годишна возраст играше и за сениорите на ФК Пелистер и тоа во успешната сезона 2001-2002 кога тимот за првпат извори место на евро-сцената. Поради здравствени проблеми Стоиљковиќ прерано ја заврши фудбалската кариера а пред неколку години беше и клупски секретар во екипата, објави Македонски спорт.

vojo-1

Previous ArticleNext Article