Култура, Филм

Објавен рекламниот спот за новиот филм „Убавицата и ѕверот“ (Видео)

– Една од омилените бајки „Убавицата и ѕверот“, пристигнува во нова светлина, како еден од најочекуваните филмови во 2017 година.

Главните улоги во оваа екранизација на бајката ги играат Ема Вотсон и Ден Стивенс, а сега е објавен и рекламниот спот, со цел да се даде мал вовед во тоа што нè очекува.

Според тоа што можеше да се види во двете минути, нè чека вистинско волшепство, а младата надеж на Холивуд, убавата Ема, навистина се покажува како совршена за оваа улога.

Да потсетиме, Ема веста за новата улога ја објави на „Фејсбук“ уште во јануари оваа година.

– Конечно можам да ви кажам… Ќе ја играм Бел во новиот филм „Убавицата и ѕверот“. Таа приказна играше значајна улога во моето растење, па ми беше нестварно да замислам дека ќе танцувам на „Be Our Guest“ и ќе ја пејам „Something There“. Шестгодишното девојче во мене плаче од среќа. Време е за часови по пеење. Со нетрпение чекам да го видам филмот – објави тогаш Вотсон.

Previous ArticleNext Article