Вести, Книги, Култура

Продадена најстарата плоча со 10-те Божји заповеди

Плочата е со големина од 70 см и тежина од околу 60 килограми.

Натписот е напишан на еврејски јазик.  Античка мермерна плоча со издлабен текст на Десетте заповеди опишан како „национално богатство” на Израел, беше продадена на аукција во Беверли Хилс за 850 000 долари, соопштија американските медиуми.

Плочата најверојатно била на влезот на синагога, уништена од Римјаните меѓу 400 и 600 година, или од крстоносците во 11-тиот век.

Израелските власти го одобриле пренесувањето на плочата во САД во 2005 година.

Единствениот услов бил  таа да биде изложена во музеј или на јавно место.

На плочата се исечени всушност девет од познатите десет заповеди.

20161117195130

Previous ArticleNext Article