Забава, Култура, Филм, ШОУ БИЗЗ

По 20 години се собраа актерите од „Беверли Хилс“ (Фото)

beverli-hils-620x350

Деведесетите години од минатиот век одамна поминаа, но спомените посебно на оние кои тогаш беа деца останаа. Момците од „Бекстрит бојс“, „Ен Синк“, „О таун“ и многу други познати личности од 90-тите години, се собраа на настанот „Rewind Convention“ во Чикаго со кој се славеше поп-културата од последните 20 години од минатиот век.

capture

Меѓу присутните беа и актерите кои се прославија со улогите во серијата „Беверли Хилс“, а Тори Спелинг (43) се пофали со фотографија на која е заедно со своите колеги од серијата.

Освен Тори, која во серијата ја глумеше Дона Самер, на настанот се појавиле и Џејсон Присли (Брендон Волш), Лук Пери (Дилан Мекеј), Џени Гарт (Кели Тејлор), Габриел Картерис (Андреа Зукермен), Винсент Јанг (Ноа Хантер) и Кристин Елис (Емили Валентајн). На фотогграфијата недостасува Шенон Доерти (Бренда Волш), која ја води својата битка со ракот на дојката.

Previous ArticleNext Article