СПОРТ

„Лавовите“ од Франкфурт им се поклонија на „Вардарци“

Македонскиот првак Вардар вечерва во Франкфурт го одигра седмиот натпревар од Лигата на шампионите. Домаќинот, екипата на Рајн Некар Ловен беше вистински предизвик за можностите на македонскиот првак. „Црвено-црните“ ја забележаа шестата победа (27-33) во елитното натпреварување и ја задржува првата позиција во групата Б.

433140-vardar-ne-smee-da-bide-izeden-od-lavovite

По воведната предност од 0-2, домаќините ги консолидираа своите редови и преку два брзи гола ја вратија рамнотежата на натпреварот. Меѓутоа Вардарци не му дозволија на бундеслигашот да ја контролира играта, „црвено-црните“ повторно создадоа предност која до 13-та минута изнесуваше високи +4 (5-9). Грешките во средината на првиот дел и искуството на Сигурдсон му помогнаа на Рајн-Некар да го изедначи резултатот до 25-та минута, а две минути подоцна Ларсен за прв пат им овозможи предност на „лавовите“ од Манхајм. Првиот дел заврши со гол предност за Вардар откако Дибиров и Каналјас го вратија Вардар на гол предност пред истекот на последната минута од првото полувреме за конечни 16-17.

Вардар го засили темпото во вториот дел, па на почетокот, по шест минути игра имаше предност од пет погодоци (17-22), а во 40-та Штербик овозможи Циндриќ преку брза транзиција да го запише својот шести гол за шест разлика, 18-24. Иако во првото полувреме нападот беше на вистинското ниво, во вториот дел одличната игра во одбрана и интервенциите на Штербик им овозможија на македонските прваци огромна предност од седум голови по 45 минути игра. Одлична вечер имаа Лука Циндриќ и Жоан Канелјас кои го предводеа „црвено-црниот“ напад. Кога веќе се распадна играта на „лавовите“ од Манхајм, Вардарци во рутинска завршница ја запишаа највисоката предност од девет разлика (21-30 50′) со погодоците на Стоилов. До крајот тренерот Гонзалес шанса им даде на оние кои имаа помала минутажа во составот на „црвено-црните“, а резултатот на крај остана во корист на македонскиот првак за голема победа на Вардар со конечни 27-33.

Најпрецизен во составот на Вардар беше Канелјас со 10 голови, Циндриќ постигна 7, додека Македа запиша 4 голови. Одличниот Штербик забележа 13 интервенции. Кај домаќините, составот на Рајн Некар Ловен, Гудјон Валур Сигурдсон беше најефикасен со 7 погодоци, додека Петерсон со 6 и Баена со 4 не можеа да спречат пораз за својот тим.

извор: 24rakomet.mk

Previous ArticleNext Article