СПОРТ

Вардарки убедливо до главната фаза во ЛШ

Ракометарките на Вардар со убедлива победа во Лајпциг (45:22), над истоимената екипа, ги завршија натпреварите во првата фаза во Лигата на шампионките.

„Црвено-црните“ ракометарки, без пораз, ги завршија натпреварите во Б групата (скор пет победи и едно реми).

Лајпциг на расположениот тим на Дејвис Камара му пружи отпор само во воведните пет минути, во останатите 55 играше само една екипа. Лајпциг за пет минути постигна четири гола, а до крајот на првиот дел уште само пет, а прими 22.

Во второто полувреме Вардарки само ја зголемуваа предноста и на крајот ја запишаа најубедливата победа сезонава.

Лакабрер со десет голови го предводеше тимот на Вардар, пет пати погоди Радичевиќ, а по четири Човиќ и Ристовска.

Вардар во главната рунда ќе пренесе седум бода, а во новоформираната група ќе игра против Будуќност, Мец и Турунгер.

Previous ArticleNext Article