Забава, Култура, Музика, ШОУ БИЗЗ

Погледнете го новиот спот на Либеро бенд за песната „Твој сум“ (Видео)

Момците од Либеро бенд имаат нова песна и спот. Вчера се случи македонската промоција на двете верзии, македонската  „Твој сум“  и српската „Твој сам“.

Македонската верзија денеска ќе биде прикачена на „ју-туб“, а во меѓувреме српската руши рекорди на гледаност, односно за само 12 часа, спотот е виден скоро 30.000 пати.

Песната е дело на Александар Цветковиќ, фронтменот на популарниот „Тропико“ бенд, кој ја направи музиката, најбараниот текстописец во Србија, Драган Брајовиќ – Браја, аранжанот е дело на нашиот и докажан, Валентино Скендеровски, а текстот за македонската верзија на Елвир Мекиќ.

Previous ArticleNext Article