Забава, Љубов и Секс

Како сексуалниот однос да трае подолго?

Мажите генерално полесно и побрзо се возбудуваат од жените и како последица на ова побрзо и полесно доживуваат оргазам. Но оваа појава ретко им се допаѓа на жените, па затоа треба да превезмете нешто.

Еве како наредниот пат да трае подолго:

Мажот би требало да…

… одбере и друга поза освен онаа која му е омилена. Сексот во саканите озвозможува по интензивна стимулација. Доколку сакате да го одложите оргазмот, бирајте пози во кои стимулацијата е послаба. Ова се однесува и на визуелниот ефект.

… да го забави темпото. Најубавото чувство е во онаа фаза кога сте пред граница на оргазам. Експериментирајте и научете да ја продолжите.

… да оддвоите повеќе време за мастурбација. Повеќето мажи имаат подобра контрола во сексот доколку во текот на денот пред сексот веќе ејакулирале.

Жената би требало да…

… ја има главната улога. Со други зборови, жената да биде одозгора. Во оваа поза, жената го контролира и степенот на пенетрација и нејзиниот интензитет, а при тоа постојано има поглед кон лицето на партнерот, па може движењата да ги прилагоди со неговиот степен на возбуда. Доколку видите дека оди кон оргазам, успорете малку.

… да иницира секс почесто. Колку почесто имате секс, толку повеќе мажот ќе може да се контролира.

… да научи што ја возбудува до оргазам. Експериментирајте, пробувајте нови пози, сè додека не утврдите што е тоа што ве води до оргазам. И што почесто го правите тоа, толку полесно ќе биде.

Previous ArticleNext Article