СПОРТ

Вардар со Карачиќ и Абутовиќ во составот против Рајн Некар Ловен

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешниот натпревар од Лигата на шампионите против Рајн Некар Ловен ќе настапи со Илија Абутовиќ и со Игор Карачиќ. Двајцата играчи беа неизвесни за денешниот дуел од 8.коло поради повредите кои ги имаа во изминатиот период. Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалес во пресрет на дуелот напомена дека денеска е важно Вардар да победи, па макар тоа било и со еден разлика.
За денешниот натпревар со РНЛ, Раул се реши да настапи со следниве ракометари: Абутовиќ, Борозан, Канељас, Циндрќ, Чупиќ, Дереван, Дибиров, Душебаев, Фереира, Карачиќ, Македа, Марсениќ, Милиќ, Шишкарев, Штербик и капитенот Стоилов.
Кај гостите поради настинка нема да настапи македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.
Почетокот на дуелот е во 17:30 часот, а се игра во СЦ „Јане Сандански“.
Вториот македонски тим во Лигата на шампионите Металург утре на домашен терен игра против Татран Прешов.
Двојки од 8.коло и табели:
А група: Флензбург – Кил 25:26, Кадетен Шафхаузен – Висла (сабота), ПСЖ – Веспрем и Барселона – Силкеборг (недела).
Табела: ПСЖ 12 бодови, Барселона 12, Флензбург 9, Веспрем 8, Кил 8, Висла 5, Силкеборг 4, Кадетен Шафхаузен 0.
Б група: Вардар – Рајн Некар Ловен и  Пик Сегед – Кристијанштад (сабота), Килеце – ППД Загреб и Цеље – Мешков Брест (недела).
Ц група: Чеховски Медведи – Елверум 26:31, Монпеље – Ла Риоха (сабота) и Металург – Татран Прешов (недела).
Табела: Монпеље 10, Ла Риоха 9, Елверум 7, Чеховски Медведи 6, Татран Прешов 6, Металург 6.
Д група: Мотор – Динамо Букурешт (сабота), Холстебро – Брага и Бешикташ – Нант (недела).
Табела: Нант 11, Мотор 9, Бешикташ 9, Динамо (Б) 6, Брага 4, Холстебро 3.
Previous ArticleNext Article