Љубов и Секс

Зошто мажите заспиваат веднаш по сексот?

На повеќето жени им пречи фактот што нивниот партнер веднаш по сексот заспива, наместо да се гали. По ејакулацијата и оргазмот, во телото на мажот се ослободуваат повеќе хормини, а тука е и окситоцинот, кој е поврзан со чувството на опуштеност и кој поттикнува на спиење.

Научниците сметаат дека тоа е причината зошто мажите заспиваат веднаш по сексот. Исто така, по сексот мажите ги болат мускулите и немаат енергија, па сето тоа резултира со умор.

Сепак тоа не е оправдување мажите да не можат да им обрнат внимание на жените по сексот и да ги опсипат со нежност. Решението е компромис. Научниците сметаат дека жените треба да разговараат со партнерите и да им дадат до знаење дека треба да одвојат 10 минути по сексот за малку нежност.

Previous ArticleNext Article