Забава, Технологија

Ајде да видиме кој е маж да го купи: Iphone 7 / Black Diamond

Швајцарскиот бренд Gresso, познат по производство на луксузни паметни телефони и додатоци, со додавање на голем број на скапоцени камења, ги презентираше неговите три верзии на iPhone 7 со име “Black Diamond”, по цена од астрономски половина милион долари.

Задната страна на уредот е покриена со 1 450 црни дијаманти, додека остатокот од шасијата е направена од титаниум од петта категорија.

Gresso логото и оквирот на камерата направени се од десет грама 18-каратно злато, а со телефонот ќе добиете и црни AirPods безжични слушалки украсени со точно 30 црни, 2 каратни дијаманти.

Секој примерок е направен рачно и за негова изработка се потребни повеќе од 18 часа макотрпна работа. Телефонот доаѓа со 256GB внатрешна меморија.

Овој телефон може да го нарачате преку официјална веб-страна

Previous ArticleNext Article