СПОРТ

Челси со одлично второ полувреме до голема победа кај Сити (Видео)

Фудбалерите на Челзи го уништија Манчестер Сити во дербито на 14. коло во Премиерлигата. Челзи во Манчестер победи 3:1. Тимот на Конте ја забележа осмата победа во низа и ќе остане на лидерската позиција на табелата.

Сити делуваше надмоќно во првите 60 минути од натпреварот, но во последните половина час Челзи предводен од Диего Коста го декласираше противникот.

Кејхил во 45. минута постигна автогол за предност на Сити, а во вториот дел Агуеро и Де Брујне промашија чисти зицери за зголемување на предноста.

По еден час игра израмни првиот стрелец во Премиерлигата, Диего Коста. Бразилецот со шпански пасош го доби дуелот со Отаменди и го совлада Браво. Десет минути подоцна Диего Коста со прекрасна асистенција го исфрли Вилијам пред голот на Браво, кој погоди за 1:2.

Конечниот резултат го постави Азар во последната минута.

Во судиското надополнување играчите немоќта и нервозата ја платија со два црвени картона. Агуеро поцрвене поради брутален старт врз Давид Луиз, а во мешаницата Фернандињо го удри Фабрегас, па и тој замина предвреме во соблекувалната.

Previous ArticleNext Article