СПОРТ

Мајкл Џордан со најголема заработувачка во кариерата

Според магазинот „Форбс”, НБА-легендата Мајкл Џордан е спортистот кој заработил најмногу во кариерата со фантастични 1.7 милијарди долари

Поранешниот кошаркар на Чикаго Булс и Вашингтон Визардс, Џордан голем дел од својата заработувачка ја заработи преку рекламните договори, посебно со „Најк“, чие заштитно лице е повеќе децении.

Втор на листата е голферот Тајгер Вудс со 1.65 милијарди долари, пред уште еден голфер, покојниот Арнолд Палмер, кој заработи 1.35 милијарди долари во кариерата. Голферската низа ја продолжува Џек Никлаус со 1.15 милиони долари, додека топ 5 ја пополнува легендарниот Ф1 возач, седумкратниот шампион Михаел Шумахер, кој заработил 1 милијарда долари во блескавата кариера.

Previous ArticleNext Article