Стил

Знаете ли како вистински да уживате во пурата?

За пурите велат дека секоја има своја посебна приказна. Пред да ја откриете мистеријата на вашата омилена пура бидете сигурни дека знаете како на вистински начин да уживате во неа.

Чекор 1: Откријте го составот на пурата
Страсните љубители со сигурност составот на нивната пура го знаат напамет, но оние кои сега ја откриваат убавината на смотаниот сноп од сушен и ферментиран тутун важно е да го знаат основниот состав на пурата. Секоја пура се состои од три видови на листови од тутун: обвивка, полнење и поврзување. Токму овие варијации го одредуваат вкусот на секоја пура.

1-5-chekori-kako-vistinski-da-uzhivate-vo-vashata-pura-kafepauza.mk

Чекор 2: Сечење на пурата
Правилното сечење на пурата е од исклучителна важност за потполно уживање. За да не направите грешка, бидете сигурни дека располагате со правилен квалитетен секач на пури и пресечете ја пурата на 3-4 милиметри од капачето.

2-5-chekori-kako-vistinski-da-uzhivate-vo-vashata-pura-kafepauza.mk

Чекор 3: Запалки за пури
Големо влијание при правилното конзумирање на пурите имаат и запалките. Затоа кога за прв пат на себе ќе си подарите еден ваков подарок заедно со пурата обезбедете си и соодветна запалка. Не заборавајте дека пурите не се исто како и цигарите.

3-5-chekori-kako-vistinski-da-uzhivate-vo-vashata-pura-kafepauza.mk

Чекор 4: Научете се да уживате
Дадете си време за уживање во пурата. Страсните љубители на пури велат дека најдобро се ужива во пурата доколку ја конзумирате бавно и го надополните целосното доживување со чаша квалитетно виски.

4-5-chekori-kako-vistinski-da-uzhivate-vo-vashata-pura-kafepauza.mk