Здравје, Исхрана и Рецепти

Посно мени за слава

Ова е период на празници и посни слави, а тоа значи, дека на трпезата ќе треба да приложите и вкусни посни јадења. Ако немате идеја што би подготвиле оваа година, еве неколку предолзи.


Салати

Салата од компир и моркови

predlog-4-posni-salati-za-sveti-nikola-2

Потребни состојки:

  • 1/2 kg компири
  • 200g сенф
  • 4 помали главици кромид
  • 2 моркови
  • Сол
  • Бибер

Подготовка:

Добро сварете го компирот кој претходно бил излупен, заедно со морковите. Оставете мал дел од водата во кои се вареле, а останатото исцедете го.
Потоа со миксер испасирајте ги сварените компири и моркови. Кромидот исечкајте го на ситно, а потоа малку динстајте го.
Кога ќе омекне додадете го во смесата заедно со сенфот и продолжете да миксате. Зачинете со сол и бибер по желба и оставете да се олади салатата пред да се јаде.

Сенф салата

predlog-4-posni-salati-za-sveti-nikola-3

Потребни состојки:

  • 3 моркови
  • 4 компири со средна големина
  • 10 кисели краставици
  • 1 полна лажица сенф
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица оцет
  • Малку шеќер
  • Сол
  • Бибер

Подготовка:

Сварете ги морковите и компирите во солена вода, потоа исцедете ги и исечкајте ги на ситни коцки. Краставиците исто така, исечкајте ги и додадете ги во компирите и морковите.
Претходно добро измешајте ги оцетот, шеќерот, маслото и сенфот и додадете ги откако варените компири и моркови добро ќе се оладат.

Главно јадење

Пастрмка со ориз

posno-meni-koe-ke-vin-ja-dade-potrebnata-energija-05

Рибата е вообичаено најприготвувана за време на пости. Хранлива е и здрава, а може да ја комбинирате со различен зеленчук. Исто така, претставува одлична замена за оние кои едвај издржуваат без месо

Потребни состојки:

  • 3 мали пастрмки
  • 2 лажички масло
  • 1 лажичка брашно
  • 1 лук
  • 3 лажици ориз
  • 2 зелени пиперки
  • 1 лажичка лимонов сок
  • Сол и бибер

Подготовка:

Рибата исчистете ја, измијте ја и посолете ја. Оставете ја да отстои неколку часа.
На масло пропржете го ситно сечканиот лук и додајте му ја исечканата зелена пиперка. Додајте го сварениот ориз, промешајте, па додадете го лимоновиот сок. Со таа смеса наполнете ја пастрмката и затворете ја со чепкалки или со конец.
Рибата извалкајте ја во брашно и печете ја во рерна околу 30 минути.

Печен Компир

posno-meni-koe-ke-vin-ja-dade-potrebnata-energija-06

Потребни состојки:

  • ½ kg компир
  • 1 кромид
  • 2 лажици зачин од сушена пиперка
  • Вегета
  • Маслиново масло

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечкајте ги на парчиња со средна дебелина. Варете го компирот 10тина минути, а потоа откако ќе се олади, прелијте го со масло и додадете го зачинот од сушени пиперки.
Промешајте и наредете го компирот во тавче за печење. Над него исечкајте го кромидот на прстени и печете околу 20 минути на температура од 220 степени.
Кон крајот додадете Вегета и уште малку масло, па допечете 10 минути на највисока температура.

Десерт

Чоко-бомбици

kako-za-250-denari-da-napravite-posni-kolacinja-za-4-lica-1

Состојки:

  • 150g  шеќер
  • 3 лажици вода
  • 160g мелени посни бисквити
  • 30g мелени лешници
  • 50g крупно сечкани лешници
  • 50g чоколадо за готвење (задолжително проверете ги состојките дали е посно)

Подготовка:

Истопете го шеќерот додека добиете златно жолта боја, а потоа додајте ја водата. Мешајте додека шеќерот не се растопи.
Истурете ги мелените лешници и бисквитите, а потоа промешајте додека не добиете еднолична смеса.
Оставете ја мешавината да се олади.
Намокрете ги рацете, обликувајте топчиња и валкајте ги во растопеното чоколадо.
Проросете ги со ситно сечканите лешници и ставете ги во замрзнувач.

 

Previous ArticleNext Article