Забава, Технологија

Galaxy Note 7 повторно во продажба

Фаблетот на Samsung, моделот Galaxy Note 7 повторно се врати на пазарот откако пред еден месец, гигантот ја прекина продажбата поради инцидентите со батеријата која може да се запали во текот на полнењето.

Во новите телефони кои засега се продаваат само во Јужна Кореја се вградени нови батерии, а продажбата во Европа ќе продолжи од 28 октомври.

galaxy-note7_curve_phone

Samsung ја прекина продажбата на тој модел на почетокот на минатиот месец откако моделот лансиран на 19 август почна да предизвикува проблеми при полнењето. Неколку авиокомпании забранија смартфонот да се внесува или да се користи во кабината. Компанијата објави масовно повлекување на 2,5 милиони телефони на кои им беше понудена замена, а меѓу нив се 1,4 милиони купувачи само во Јужна Кореја и во САД.

Во САД беа регистрирани 92 случаи во кои мобилните се прегреале или пак изгореле.

Previous ArticleNext Article