Стил

20 добри причини зошто да бидете млада мајка

Често можете да слушнете како девојките сметаат дека своите 20-ти години треба да ги посветат на самите себе – кариера, патувања, забави и романтични средби, сепак ако сте млада мајка, треба да се гордеете на тоа дека сте ги искористиле своите 20-ти во воспитување на дете, а еве зошто:

large-1

1. Имате доволно енергија за да се справите со сите барања.

2. Сонот не ви е толку неопходен кога сте млади. Можете да излезете на крај со бебето кое често се буди во текот на ноќта, а потоа целиот нареден ден да бидете активни и покрај непроспиената ноќ.

3. Веројатно ќе бидете единствена девојка во кругот на пријателите која има дете на тие години, што значи дека и вашето дете ќе биде привилегирано со чести посети и знаци на внимание од вашите пријатели.

4. Вашите деца ќе доживеаат убави моменти и спомени со вашите родители.

5. Вашите родители ќе бидат доволно млади за да се вклучат и да ви помогнат околу детето, пружајќи ви совети и помош секогаш кога тоа ќе ви биде потребно.

6. Многу е веројатно дека вашите деца ќе успеат да ги запознаат и своите прадедо и прабаба.

7. Вашето тело по породувањето многу полесно и со минимален напор ќе се врати во првобитната форма после породувањето.

8. Многу е помала веројатноста дека ќе имате проблем со плодноста.

9. Доколку се случи да имате такви проблеми, ќе имате време да ги пробате сите алтернативи и можности за да станете мајка.

10. Ќе бидете најмладата мајка во градинката и со тоа ќе ви биде полесно да стапите во контакт со воспитувачките, кои веројатно ќе бидат на слична возраст со вашата, а тие исто така ќе се чувствуваат подеднакво слободни да изнесат некои недостатоци или проблеми доколку тие постојат.

large-2

11. Можете да бидете сигурни дека ќе станете баба и дедо и дека ќе имате сила да му помогнете на своето дете, исто како што вам ви помагале вашите родители.

12. Многу е помал притисокот од средината. Една од главните предности на раното мајчинство е што ќе можете да носите какви било одлуки во врска со воспитувањето или насочувањето на вашето дете, без дополнителен притисок од средината или губење време на споредување како другите го прават тоа.

13. Вашето тело ќе биде способно да се избори со сите предизвици. Ќе бидете многу флексибилни, ќе можете да се наведнете над кадата без каков било страв дека можеби ќе се вкочаните.

14. Кога детето расте со млади родители, често не е исклучено од разговорите за иднината на семејството, финансиските потешкотии и жртви, и на тој начин е во ситуација да научи многу важни лекции за животот.

15. Кога вашите пријателки ќе бидат бремени, вие ќе бидете првата личност кон која ќе се обратат за совет.

16. Кога ќе станете мајка, вашите приоритети ќе се сменат за 180 степени. Кога ќе станете мајка во 20-тите, ќе имате двојно повеќе време да свртите нов лист во која насока и да сакате: да почнете нов живот, да почнете со нови работни планови итн…

17. Иако претходно не сте обрнувале внимание на тоа, кога некој ќе ви каже дека изгледате премногу млади за триесет години, ќе се чувствувате прекрасно.

18. Никогаш нема да поминете време во размислување дали ќе можете да имате деца подоцна.

19. Кога децата ќе тргнат по својот пат во животот, ќе имате само 40 години и ќе можете да уживате во слободата на многу возбудлив начин – можете да го обновите бракот,  да патувате на егзотични дестинации, да почнете нов бизнис кој ќе можете да го одржувате понатаму низ годините.

20. Ќе имате многу повеќе време да уживате во мајчинството.