Забава, Љубов и Секс

Сексот го намалува ризикот од рак: Неколку добри причини за секојдневен секс

Верувале или не, можеби единственото нешто што би можело да ви помогне во вашата потрага за среќа, долговечност и здравје е сексот…

24700-5a39a9-when-is-the-best-time-to-make-love-with-the-new-man-youve-been-dating

1. Намалување на стресот

Сексот помага при намалувањето на стресот. Доколку вежбите со длабоко дишење не ви помагаат да се смирите, тогаш сексот со сигурност би можел да го направи тоа. За време на односот, вашето тело создава допамин, состојка која се бори против стресот. Една неодамнешна студија јасно ни покажува дека стаорците кои имаат активен сексуален живот се многу помалку анксиозни отколку оние кои немале секс.

2. Одличен начин за вежбање

Водењето љубов е еден вид физичка активност. За време на односот, физиолошките промени кои се случуваат во вашето тело се исти како и оние кои се случуваат додека вежбате. Сигурно сте забележале како дишењето за забрзува, а со тоа и се уморувате. На овој начин вие трошите калории. Доколку имате секс 3 пати во неделата, по 15 минути дневно, вие ќе согорите 7.500 калории во текот на една година. Тоа е исто како да сте истрчале 120 километри! Од друга страна пак, забрзаното дишење го зголемува количеството кислород во вашите клетки, а со тоа тестостеронот кој се создава за време на односот ги одржува силни вашите коски и мускули.

3. Намалување на високиот крвен притисок и имунитет

Постојат многу истражувања кои ни покажуваат дека прегратките и сексуалниот однос можат да го подобрат вашиот крвен притисок. Сексот го намалува крвниот притисок, а со тоа ви ги намалува и шансите за голем број заболување кои можат да настанат со висок притисок. Од друга страна пак, дали се чувствувате како постојано да сте настинати? Голем број научни истражување потврдиле дека сексот е одличен начин да се борите против настинката, но и против други здравствени проблеми. Редовниот секс е одличен за вашиот имунитет.

4. Предизвикува да изгледате помлади

Водењето љубов три пати неделно може да направи да изгледате и до 10 години помлади. Ова го потврдува и еден истражувач од Шкотска, Дејвид Викс, кој е клинички невропсихолог.

5. Заштита од мозочни и срцеви удари

Сексот не само што ќе ви помогне полесно да ги согорувате калориите, туку истовремено ќе ви го подобри и срцето. Редовниот однос ќе ве заштитува од мозочни и срцеви удари, додека вие целосно уживате и се опуштате.

6. Намалување на болки

Задоволството е најдобриот начин да се справите со болката. Ако страдате од мигрени или било каков вид други болки, сексот може да биде најдоброто решение за вас. Но, ако доживувате болки во грбот, тогаш подобро е прво да се консултирате со доктор.

making_love_by_superphazed-d9df8w8

7. Градење доверба и интимност

Самиот акт на сексот го зголемува создавањето на хормонот окситоцин, кој е одговорен за вашата среќа и љубов. Па, доколку чувствувате дека вашата врска не е толку силна како претходно или пак, се плашите дека вашиот партнер ќе ве напушти, тогаш сексот може да ви помогне одново да ја изградите довербата и близината која претходно сте ја чувствувале.

8. Намален ризик од рак

Редовната ејакулација ги намалува шансите за развивање рак на простата. Во една студија од Австралија, мажите кои ејакулирале 21 пат во текот на еден месец имале намален ризик од развивање на оваа болест.

9. Цврсти мускули

Сексот вклучува работа на повеќе мускули, па токму затоа со негова помош вие можете да го зацврстите целото ваше тело. Започнувајќи од карличните мускули, па се до квадрицепсите, торзото и горниот дел од грбот вие веднаш ќе почнете да забележувате промени.

10. Борба против несоница

После оваа одлична вежба, вие без сомнение ќе се наспиете убаво. Токму затоа ако имате проблеми со спиењето, редовниот однос може да ви помогне да го добиете вашиот сон за убавина и конечно да се изборите против темните кругови под вашите очи.

11. Редовен месечен циклус

Изгледа дека сексот може да го подобри и вашиот менструален циклус. Тој ги регулира хормоните, кои потоа влијаат и врз циклусот. Сексот исто така влијае позитивно врз стресот, кој е една од најголемите причини поради кои жените имаат нередовен циклус.

12. Спречува импотенција и го подобрува здравјето на сперматозоидите

Скоро половина од мажите над 40 години страдаат од некаков вид импотенција. Па, колку контрадикторно и да ви звучи, сексот е најдобриот начин да се справите со неа. Ерекцијата го одржува крвотокот во артериите на пенисот, а на тој начин го чува и здравјето на ткивата. Од друга страна пак, ако вие и вашата сопруга планирате да имате деца, тогаш најдобриот начин да го зголемите бројот и квалитетот на сперматозоидите е доколку редовно имате секс.

13. Долг живот

Здраво срце, силни мускули, зголемена циркулација на кислород и среќата се само дел од факторите кои додаваат години на вашиот живот…

Previous ArticleNext Article