Здравје, Исхрана и Рецепти

Витаминска бомба за јак имунитет која ќе ве штити од вирусите оваа зима

Јак имунитет – тоа е отпорност на организмот на различни болести, а со самото тоа и добро здравје. Иако во нашите аптеки секојдневно има се повеќе препарати за јакнење на имунитетот, народните лекови не ја губат својата популарност.
 Тоа е и разбирливо, бидејќи ниту еден синтетички препарат од аптека не може да ги замени природните производи, кои се лесно достапни и многу ефикасни во лечењето на разни болести.

Денес Ви предлагаме витаминска бомба – одлично средство за јакнење на имунитетот на децата и целото семејство.

Потребно:

– 100 гр. суво грозје

– 150 гр. ореви

– 100 гр. бадеми

– кора од 2 лимони

– 100 гр. суви кајсии

– 100 гр. суви сливи

– 250-300 гр. мед

Измелете ги на машина за мелење месо сувото грозје, оревите, бадемите и кората од лимон. Во смесата додадете сок од два лимони. Промешајте. Додадете  ги сувите сливи и сувите кајсии. На крај додадете го медот.  Оставете да стои на темно место 1-2 дена.

За деца постари од 3 години – по 1 лажичка два пати на ден

Рецепт за јакнење на имунитетот за возрасни:

Потребно:

– 200 гр. суви кајсии

– 200 гр. суви сливи

– 200 гр. суви смокви

– 200 гр. ореви

– 1 лимон

– 50 мл. ракија

– 250 гр. мед

Измелете го сувото овошје и кората од лимон на машина за мелење месо. Во смесата додадете мед и ракија и промешајте. Ставете ја теглата во фрижидер. Земајте по 1 супена лажица пред оброк.

За возрасни: 1-2 лажички три пати на ден.

Теглата со витамини чувајте ја во фрижидер.

Previous ArticleNext Article