Здравје, Исхрана и Рецепти

Воспалено ви е грлото? Еве што треба да јадете за да ја намалите болката

Топлите пијалаци не се единственото нешто што треба да го консумирате кога сте болни.
Пробајте ја и оваа храна која значително ќе ви ја подобри состојбата:

7167_050215202112995_846x551

Банани – Меко овошје кое поволно делува на вашето грло. Лесно се голта и вари, не предизвикува болки, а покрај тоа е богато со витамин Ц, Б6 и калиум.

Пилешка супа – Ова е традиционален лек против болките во грлото, затоа што е богат со здрави намирници како морков, кромид, целер и голем број на зеленчуци кои се познати по своите лековити својства.

Мешавина на лимон и мед – Ова е одличен лек кој може да ги замени купечките таблети за лижење, а воедно и да ве заслади без да го надразните грлото.

Кајгана – Јајцата се богати со протеини и можат да помогнат при болката во грлото. Меѓутоа, никако не додавајте многу сол и зачини, како не би ја влошиле состојбата.

Овесна каша – Ова јадење содржи влакна, го намалува нивото на холестерол, богато е со со протеини, па затоа е одличен избор кога сте настинати. Збогатете ја кашата со мед или банани и почувствувајте моментално подобрување.

Тестенини од цело зрно – Овие житарки се богати со влакна, железо, цинк, Б и Е витамини. Додајте некој лесен прелив од павлака и уживајте додека заздравувате.

Previous ArticleNext Article