Стил

Неколку работи кои сигурно не сте ги знаеле за Мистер Бин

1. Роан Еткинсон започнал да работи на ликот на Мистер Бин додека ги завршувал мастер студиите на електротехничкиот оддел на Оксфорд. Прв пат се претставил со овој лик во 1979 година.

2. Повеќе од 100 авиокомпании го користеле ликот на Мистер Бин како реклама за авионите и летовите.

tumblr_inline_mjo3kk1qiu1qz4rgp

3. ТВ серијата започна со прикажување во 1990 година, а ја осмислија Еткинсон и Ричард Куртис, кои подоцна ги напишаа комедиите „Four Weddings and a Funeral“ и „Love Actually“.

4. До сега се продадени 35 милиони ДВД снимки од серијата. Мистер Бин има повеќе од 1,3 милијарди прегледи на YouTube и околу 64.5 милиони фанови на Фејсбук.

tumblr_n8kcblckw51rq7z94o1_400

5. Презимето Бин (Bean – грав на англиски) е смислено дури во 1989 година. Пред тоа Еткинсон и Куртис размислувале за многу други зеленчуци како презиме.

6. Мистер Бин всушност нема име.

tumblr_m7fz7ivfyj1qh3zfi

7. Иако го знаеме како самец, Мистер Бин има девојка Ирма Гоб која се појавува во вкупно 3 епизоди.

8. Никој никогаш не го разбра односот со неговиот најдобар пријател – мечето Тед. Дури ни самиот тој нема одговор на прашањето зошто од една страна му купува подароци за Божиќ и се труди да не го разбуди додека спие, а од друга страна, го користи како четка за кречење.

mr_c7d777_304640

9. Вториот најдобар пријател на Мистер Бин е Мини автомобилот, кој за потребите на снимањето бил 2 пати уништен.

10. Во последните неколку години, во одредени земји во светот сè уште редовно се емитува серијата Мистер Бин.

giphy