Книги, Култура

Шест зборови кои ќе ви го скршат срцето

 Додека бил млад писателот Ернест Хемингвеј, во друштво на своите пријатели се обложил дека може да ја напише најкратката приказна.

Сите вложиле по 10 долари, бидејќи биле убедени дека тоа не е возможно.

Младиот писател тогаш зел една салфета, напишал шест зборови. Бидејќи не сакал да ја прочита на глас, ја подал на својот на пријател, и така приказната кружела околу масата.

На крајот се согласиле дека е возможно во само неколку зборови да се напише приказна која е полна со емоции.

Шесте зборови кои биле испишани на салфетата се:

На продажба: Чевли за бебе. Неносени.

 

Previous ArticleNext Article