Љубов и Секс

5 работи кои се АПСОЛУТНО ЗАБРАНЕТИ после интимна депилација

Еден од најчувствителните делови на телото е секако интимната зона на која треба навистина да ѝ посветите внимание особено непосредно по самата депилација.

new-2016-fashion-style-font-b-underwear-b-font-font-b-women-b-font-embroidery-sexy

Ова се петте работи кои се апсолутно забранети:

1. Сончање

Кожата е многу чувствителна после депилацијата, независно дали станува збор за топла или ладна депилација. Токму затоа, се препорачува да избегнувате изложување на сонце најмалку 24 часа по депилацијата, за да не предизвикате појава на хиперпигментација, како резултат на реакција на кожата на штетните УВ зраци.

2. Ексфолијација

Чувствителноста на кожата по депилацијата е повторно причината заради која не смеете во никој случај да нанесувате средства за ексфолијација. Нивната зрнеста структура само дополнително ќе ја надразни вашата кожа и наместо да добиете позитивни резултати, вие ќе добиете нешто сосема спротивно.

3. Сауна

Топлината на сауната предизвикува отворање на порите, што го поттикнува излегувањето на влакната, па лесно можеме да добиеме впечаток дека депилацијата не била извршена како што треба.  Друга работа заради која се препорачува избегнување на сауната е тоа што топлата средина прави поволни услови за развивање на бактериите.

4. Нанесување средства за самопотемнување

Ваквите средства содржат голем број на хемиски супстанции кои би можеле да предизвикаат појава на несакани алергиски реакции на кожата, која веќе била надразнета со самата депилација.

5. Тесна облека од синтетички ткаенини

Памучната и широка облека е она кое на најдобар начин ќе ја смири надразнетата кожа и ќе помогне таа да се врати во нормала. Тесната облека создава непријатно триење заради кое може да дојде до појава на чешање и мозолчиња.

Previous ArticleNext Article