Музика

Ангелите се раѓаат еднаш, и живеат вечно! Среќен Роденден Тоше!

На 25 јануари 1981 година во Прилеп е родена најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески.

17-proeski

„Денес славиш 36години, каде и да си, верувам дека секогаш се смееш со твоите фанови.
Песните кои ги остави се слушаат и кога сме тажни, кога сме лудо вљубени и кога срцата ни се скршени. Но секогаш имаме на ум, дека доброто со добро се враќа.

И покрај сите потешкотии сепак сме луѓе и треба да си помагаме едни на други.“

Со крводарителска акција, изложба на фотографии на Тоше и промоција на негова нова песна денес во Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево е одбележан 36. роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда, кој 2007 година трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Previous ArticleNext Article