Книги, Концерти / Настани

Вечерва се дружиме со „Другата“ и Марија Лозаноска во Клуб Матица

„Другата“ е роман за нељубовта кон себе и што е потребно за таа посакувана самодоверба во време на материјалното. Во „Другата“ има љубов која никогаш не е дозволена и која ќе ја дозволат само читателите.

16265671_1078009568975613_1488884171297685715_n

Марија Лозаноска, писателка и жена, една од ретките кај нас која има речник преку својот ракопис да ве внесе во еден друг свет, ќе ме повлече во лавирнитот на своето пишување, и се додека не ја свртите последната страница нема да може да ја тргнете од себе таа книга.

Нејзинитов втор роман „Другата“ е воден од главниот лик Ненси која дејството го носи од земјата, до височини, со стил. Од сирмаштија до луксуз, од корка леб до кралска гозба, Ненси ќе ве научи дали и колку треба човек да дозволи парите да го надвладеаат.

МаријаЛозаноска4

– Љубовта не познава граници иако општеството нив ги гледа. За жал, сè уште живееме стереотипно, посебно на Балканот, дека мора да имаме до себе некој што е доличен за нас од сите аспекти. Повторно љубовта ја прикажав метафорично во мојата книга, затоа што во Лондон и насекаде во светот можат да се видат разнолики парови, и за да биде позабранета љубовта во таа земја, мораше да им дадам на ликовите различни титули како дел од Бакингемската палата, кои со закон не смеат да бидат заедно. Не смеам да откривам дали таа забранета љубов ќе се разреши со среќен крај, но можам да напоменам дека главната хероина е сепак една храбра личност на која сепак ѝ е попотребна љубов отколку благородничка титула. Во нашата земја можеби не се бориме со такви класи, но имаме многу измислени морални и општествени пречки кои на многумина не им дозволуваат да бидат среќни во љубовта. – изјави Марија

Previous ArticleNext Article