Астро, Забава

Дневен Хороскоп за ВТОРНИК (07.02.2017)

oven1

Овен 

Вашето однесување ќе биде чудно и непредвидливо. Во еден момент ќе и се предавате на спонтаноста и ќе реагирате импулсивно, а веќе во друг, ќе бидете многу претпазливи. Трудете се да не одите во крајности. Независно од тоа каква „бура“ ќе беснее внатре во вас, денес ќе бидете подготвени да се забавувате.

bik1

Бик

Не дозволувајте самодовербата што ја чувствувате да остане неискористена. Насочете се директно кон вашите соништа и желби. Нема што да изгубите, а можете да добиете многу. Ако покажете дека знаете колку вредите, другите ќе ве ценат повеќе. Преземете храбар чекор на љубовен план.

bliznaci1

Близнаци 

Денес во вас ќе врие вишок енергија. Земете лак и стрела и тргнете во лов на забава. Ве очекува возбудлив ден, но само ако сте решени да го направите таков. Не дозволувајте туѓи планови да ви се испречат на патот кон остварување на вашите желби.

rak1

Рак

Доста со хобито и трошењето на слободното време, саканата личност има нешто против тоа. Размислете како би реагирале вие да сте во истата ситуација, па така и однесувајте се. Ќе добиете извинување од некој пријател или колега кое веќе одама требаше да пристигне, бидете паметни и прифатете го.

lav1

Лав 

Оптимистички сте настроени, а тоа денес ви оди во прилог. Бидете толерантни и мирољубиви. Поминете повеќе време во домот. Концентрирани сте на работата, сакате да решите прашања кои долго ве мачат. Но финансиите ќе ви зададат проблеми, па за некои ваши размислувања ќе треба да премолчите.

devica1

Девица

Не трошете ја беспотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите. Бидете трпеливи со секоја работа. Настојувате да бидете во центарот на сите случувања. Единствена грижа ви е да бидете во центарот на вниманието.

vaga1

Вага 

Исклучителен ден, полн со пријатни изненадувања. Во постојано движење сте и го работите она што го сакате. Партнерот ви покажа колку му значите не само со зборови. Не сте материјалист, но обожавате да трошите. Никој не е идеален, па ни вие. Заборавете на проблемите, ве очекува поволен период.

shkorpija1

Скорпија 

Професионалниот успех ве очекува, само морате да бидете поупорни. Свртени сте кон семејството. Сакате на подобар начин да ги решите проблемите. Слушајте ги советите од блиските, но одлуките носете ги сами. Внимавајте на здравјето и внесувајте повеќе течности.

strelec1

Стрелец 

Потрудете се да одложите секаква активност. Не сте способни за напорна работа. Внимавајте на органите за говор и слух, можни се компликации. Имате многу идеи кои чекаат да бидат реализирани. Размислувате за промени на емотивно поле.

jarec1Јарец 

Време е да се позанимавате со состојбата на вашата сметка. Можеби ситуацијата ќе биде обесхрабрувачка, но не ја губете надежта. Помошта или решението ќе дојдат сосема неочекувано. Разговорите со љубовна тематика сосема ќе ве збунат. Не си поигрувајте со туѓото трпение.

vodolija1

Водолија 

За полесно да ги поднесете обврските, настојувајте да ги поделите со домашните. Би можеле да задоцните на некој договор или да се оптоварувате со трачеви и неважни ситници. Некои планови ќе се сменат во последен момент, но не по ваша заслуга. Извршете ги последните подготовки.

riba1

Риби 

Посветувате големо внимание на работата. Денеска ќе се бара од вас перфекција, а дури и најмала грешка би можела да ве доведе и вас и другите до лудило, а на тој начин би пропаднала целата работа. Затоа изострете ги сетилата.

Previous ArticleNext Article