Вести

Од денес повторно пад на температурите

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне во јужните делови се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а преку денот облачноста насекаде ќе се намалувa. Ќе дува слаб, а во источните делови по должината на Повардарието умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од пет до 11 степени.

635800070039847950197411784_rainy_day_free_wallpapers_9442466031.imgopt1000x70

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.
Слаби локални врнежи од дожд и снег се очекуваат во четврток во вечерните часови и во петок претпладне, а температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе биде постудено со пониски дневни температури, а утринските во поголем дел од земјата ќе бидат негативни.

Previous ArticleNext Article