Технологија

Европа постигна договор за БЕСПЛАТЕН РОАМИНГ

Граѓаните на Европската Унија наскоро ќе можат да зборуваат со секоја држава во рамки на ЕУ без дополнителна наплата за роаминг, јави Reuters.

Преговорите помеѓу Европскиот парламент, Европската комисија и Европскиот совет успешно завршија. Ова, за жал, не значи дека укинувањето ќе се активира веднаш. Цената во големопродажба на еден гигабајт се ограничува на 7.7 евра од 15 јуни; на 1 јануари 2018 цената ќе се намали на 6 евра; од 2019 цената ќе падне на 2.5 евра, а потоа 3.5 евра во 2020, 3 евра во 2021 и 2.5 евра во 2022.

Што се однесува до цената на раговорите. Големопродажната цена на 1 минута разговот ќе биде намалена од 5 центи на 3.2 центи. Промената на ограничувањето на цената ќе биде разгледувана на две години, и соодветно ќе се прилагоди.

„Европјаните очекуваат крајот на роамингот да се случи без да ги изгубат конкурентните тарифи и иновативните понуди. Со новите понуди ќе бидат многу разочарани.“, вели Инченцо Гена заменик претседател на MVNO Europe, тело кое ги претставува мобилните виртуелни оператори.

 

Стравувањето е дека во дел од јужноевропските држави, кои заработуваат од туризам ќе порасне цената на разговорите. Развиениот дел на Европа има цени на разговорот кој се слични со предложените, но во јужните држави кои заработуваат од туризам, цените на импулсите можеби ќе пораснат.
Previous ArticleNext Article