Култура, Музика, Фото и Видео

Двајца Македонци и едно Фламенко, ова мора да чуете!

Новото музичко дуо се вика Two Macedonians (Двајца Македонци). Петар Марков Маруш – Гитара, Благој Ламњов Ламјата – кларинет. Ова е нивното промотивно видео со наслов Flamenco de Macedonia.

16195864_269776036788313_6581599758219186178_n-“Ова видео е снимено во живо, од прва рака, истовремено аудио и видео, без никакво “шминкање” и променување на снимката. Како што звучиме на ова видео исто така звучиме и во живо на концерт” велат Петар и Благој.16299820_269775396788377_1477575015281327850_oБлагој Ламњов е докажан музичар од светски рамки кој живее во Шведска. Има настапувано во Јапонија, Кина, САД, Канада и 20тина држави низ Европа.
Петар Марков е млад џез музичар кој студира на музичката академија во Штип но повремено патува за Гетеборг, Шведска, каде што добива часеви од Емил Ернебро, гитарист од светската класа на музичари.