Вести

Ова се новите цени на горивата

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика се зголемија за 0,50 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, а  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 53,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се смени и остана 68,50 ден/лит.
За еден денар поскапе Екстра лесното масло за домаќинство и изнесува 42,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, се намали за 0,680 денари и килограм чини 27,845 денари.

Previous ArticleNext Article