Љубов и Секс

Мали тајни на големите жени заводнички

Колку и да сакаат мажите да заведуваат и да преземаат клучни чекори во сексуалните игри, исто така сакаат кога ќе се најдат во улогата на плен. Мажите едноставно обожаваат жени кои умеат да преземат иницијатива. Што и да сакате да направите, тргнете силно и самоуверено, а ова се некои трикови што ќе ви помогнат во тоа.
optin-woman-2Бидете опуштени
Што и да сакате да правите во животот, најдобрите резултати доаѓаат кога сте опуштени. Тоа важи и за заведувањето. Некои жени тешко се опуштаат, но постојат разни техники за опуштање кои се учат релативно лесно. Што поопуштени сте во својата кожа, во толку подобар контакт сте со другите луѓе. Опуштеноста мами, поради што мажите ќе посакаат да бидат во ваше друштво, а тоа е важен дел од успешното заведување.

Покажете независност
Во ниту еден случај не смеете да оставите впечаток на личност која очајнички го посакува вниманието на еден маж. Такво чувство праќа сигнали на зависност, а никој не сака жена која само чека на некој маж да и ги реши сите животни проблеми. Бидете независна и силна дама која истовремено може да биде и нежна и топла.

Сватете го заведувањето како игра
Бидете имагинативни, затоа што заведувањето е еден вд на игра. Смешкајте се, допирајте се спонтано, шегувајте се…Едноставно забавувајте се добро, без оптеретување со резултатите. Уживајте во играта, затоа што на тој начин ќе ужива и мажот кого пробувате да го заведете, а секој сака такво убаво чувство, зарем не?Научете да делите комплименти
Мажите многу сакаат кога жените им покажуваат колку ги ценат, почитуваат и колку им се восхитуваат. Тоа не значи дека мора да го подигнете на пиедестал, но секако, од време на време, дајте му некој комплимент.

Оставете го да ве лови
Дајте му до знаење дека тој прилично ве интересира и ви се допаѓа, но немојте така лесно да се препуштите, односно дајте му до знаење дека нема лесно да ве добие. Посебно не во кревет. Бидете прав плен – на дофат на раката, но сепак вон дострел. Во него ќе го пробудите исконскиот порив за лов, поради што ќе му станете уште поинтересна.

Дозволете му да ве научи
Дури и ако сте многу силна жена која секогаш може сé сама и која има големо знаење, сепак дозволете му да биде алфа мажјак. Покажете интерес за нешто што му е важно и замолете го да ве научи нешто во врска со тоа. Мажите обожаваат да ги учат жените на нови работи, па приуштете му го тоа задоволство.

Previous ArticleNext Article