Астро, Забава

Голем љубовен хороскоп за МАРТ

love-horoscope-horoscope-aries-horoscope-for-year-2015ОВЕН
Во љубовта ве очекува просечен месец со периоди на стагнација и многу кратки и бурни периоди. Венера планетата на љубовта е неповолно поставена спрема вашето соѕвездие. Обидете се да најдете разбирање во љубовта. На самиот почеток на месецот нагласени ви се проблемите во семејството и тоа највероватно ќе биде релација татко-син. Не дозволувајте да преовладува инаетот, застанете цврсто на нозе и решете го проблемот уште на самиот почеток. Првата декада ќе помине без некои посебни збиднувања додека повторно во втората декада семејните проблеми ќе кулминираат. Ќе имате прилика да му ставите крај на семејните проблеми во третата декада од месецот меѓутоа ќе ви треба помош од целото семејство. Во овој период ви се откриваат и некои тајни во врска со некоја стара љубов, па постои можност за обновување на истата. Не праваете ја грешката по втор пат. Ако веќе сте сигурни дека личноста со која бевте во врска не одговара на вашите потреби и барања, едноставно барајте среќата на друго место. При тоа не се користете со лаги, во овој месец тајните ќе бидат многу кратки, а ако бидете фатени можат да станат и фатални. Вистинските љубовни доживувања започнуваат на самиот крај од месецот кога ќе се случи нова љубовна врска и највероватно ќе потрае преку целиот месец Април. Конечно ќе се чустувате среќно и исполнето. Март не е добар за Овните во брак. Ќе имате доста недоразбирања со партнерот, проблеми во комуникацијата и сл. Може да се појави и неоснована љубомора од ваша страна која дополнително ќе ја зголеми напнатоста во врската. Кон крајот на месецот овие проблеми ќе се надминат кога односите конечно ќе се хармонизираат, а ќе му се стави и крај на некои минат прооблеми кои долго време сте ги одложувале.

love-horoscope-horoscope-taurus-horoscope-of-year-2015БИК
Ќе бидете толку преокупирани со проблемите па колку и да сакате љубовта не ќе можете да ја ставите на прв план. Сепак доколку сте жена можеби некој странец или некој од соседните градови ќе ве усреќи. Но доколку сте пак претставник од посилниот пол, таква привлечна личност ќе стигне нешто подоцна односно во втората половина во месецот. Како и да е за позитивен развој на љубовните настани ќе мора да причекате малку повеќе. Вашата задача е да издржите до тој период и да не предизвикувате расправии, а при тоа многу внимание да му посветувате на вашиот партнер. Во третата декада од месецот, ќе ве зафати емотивна напнатост, внатрешно незадоволство и нервоза. Затоа бидете максимално трпеливи и толерантни доколку не сакате вашиот брак или врска да прекине. Слободните во овој месец ќе бидат љубовни скитници кои ќе се обидат да остварат некои свои скриени и интимни желби. Емотивниот критериум ќе ви биде доста низок, па можеби да влезете во врска со некој кој воопшто не парира со вас или не е достоен за вас. Во работната средина можете да остварите некаква врска со личност која ќе има понизиок ранг од вас и со која само ќе си направите проблеми. Во последно време некако ги одбегнувате интелектуалните личности и се повеќе се дружите со некој кој не е достоен на вашиот ранг. Имајте на ум дека доколку влезите во врска со некоја ваква личност ќе бидете на самиот крај на провалијата, а тоа доста ќе ве исцрпи. Некои претставници на овој знак ќе бидат потполно незаинтересирани за нова љубовна врска и тие можеби најсреќно ќе го поминат овој период. Сепак ќе има и онакви кои ќе бидат помалку успешни во љубовта, а тоа ќе бидат родените во првата декада. Помалку ќе ја најдите среќата меѓутоа постојано ќе налетувате на некои тврдоглави личности кои нема целосно да ги разбудат вашите страсти, меѓутоа ќе ви нудат стабилност и сигурност, а тоа во овој период ви е повеќе од доволно.

love-horoscope-horoscope-gemini-horoscope-of-year-2015БЛИЗНАЦИ
Во почетокот на месецот ситуацијата во љубовта нема многу да ве радува. Презафатени со работни обврски, ќе немате имногу време за убавите нешта во животот. Ако сте во брак не ситничарете премногу, поштедете го брачниот другар од вашата мрзеливост поточно помогнете нешто околу секојдневните домашни обврски. Ако сте пак родени во третата декада и имате тајна љубовна врска, направете пауза или прекинете ја врската, бидејќи љубовни афери тешко ќе можете да ги избегнете. Во втораат декада можете да очекувате промени кон подобри, а со тоа и нова љубов во која нема да влезете со некое воодушевување, а може да биде и проблематична доколку добро не ги анализирате пратнеровите постапки уште на самиот почеток. Во третата декада од месецот повторно се враќа напнатоста во љубовта. Бидете пофлексибилни првенствено према себе си а потоа кон партнерот. Не играјте жртва без разлика дали уживате во тоа. Посебно бидете внимателни доколку партнерот ви е роден во некој огнен знак. Не ги потиснувајте чуствата ако сте од нешто незадоволни слободно покажете го. Слобондние ќе имаат многу интензивен љубовнито живот во овој период. Постојано ќе бидете во некаква потрага по партнер, а притоа сите критериуми ќе ги намалите на најниско ниво. Обичните излегувања со пријателите ќе се претворат во флертови а можеби љубовни авантури. Ќе уживате во слободата и неизвесноата а ќе ве привлекуваат личности кои само се привлечни и ништо друго. Оние кои очекуваат повик од симпатијата нема така брзо да се случи како што сте планирале меѓутоа бидете постојанои подготвени може да бидете изненадени. Бидете малку по присебни и не дозволувајте некаква минлива напнатост и незадоволство во љубовта да ве претвори во неморална личност.

love-horoscope-horoscope-cancer-year-horoscope-2015РАК
Веќе на самиот почеток од месецот планетите нудат прилика за нова љубов. Венера е одлично поставена во знакот на Јарец, па тешко некој од слободните Ракови дека ќе останат слободни, посебно ако се родени во третата декада. Родените од првата декада ќе мора малку да почекаат за љубовната среќа меѓутоа до крајот на месецот како и да е ќе ја најдат. Март за вас е страствен месец, па многу од вас особено оние најмладите можеби за прв пат ќе ја најдат својата љубов токму во овој период. Доколку сте заљубени во некој роден во знакот на Овен подгответе се за предавство или неверство. А доколку пак сакате некој кој е роден во овој знак да го заведите токму во овој период можете да успеете во тоа. Период за забава прекинува со влегувањето на Венера во знакот на Водолија во втората декада од месецот. Во третата декада од месецот ве очекуваат бурни настани и несекојденеви промени, а сето тоа во скалад со разбудените страстни, возбудувања и драматични пресврти. Ќе уживате во секој облик на дружење со личностите од спротивниот пол. Дружењето со пријателите нагласено е во последните неколку дена, па можеби во овој период малку ќе се одалечите од љубовта. Само кога ќе почнете да се чувствувате заморно тогаш ќе се враќате во прегратките на старате љубов. Внимавајте тоа може да доведе до депресија, се разбира тоа ќе биде само привремено, но сепак не дозволувајте да ви ја блокира енергијата и да ве застани на патот до успехот. Помеѓу 15 и 20 март постои опасност од нервни напади, токму онакви какви ви прилегаат на вашиот стил, со многу галама и несопирлив бес. Бидете особено внимателни во овој период, бидејќи можете да загубите близок пријател или да пропуштите добра љубовна прилика. За вас редот и мирот во семејството се најприоритетни во животот, па можеби ваквата состојба да се одраза и на вашето здравје.

love-horoscope-horoscope-leo-horoscope-of-year-2015ЛАВ
Поставеноста на Венера планетата на љубова во знакот на Јарец, ветува доста интересни настани во љубвониот живот за сите Лавови. Очекувајте многу промени и многу созревања кај помладите Лавови, посебно оние со неконтролираните емоции. Особено е интересна првата половина од Март кога можете да очекува нови љубовни врски или сериозни промени во односот со партнерот доколку сте во врска. Вашите страсти ќе бидат максимално разгорени, а приликите многубројни. Родените во првата декада ќе имаат добра прилика за отпочнување на нова љубовна врска, меѓутоа со голема претазливост, бидејќи можете да западнете во интриги и игри на некои од вашите пријатели и да го извлечете подебелиот крај. Не дозволувајте работите да излезат од контрола, тоа може да ви оди на голема штета преку целиот месец. Ќе имате прилика да влезете во врска со некој ваш пријател, а таа нема да ви биде мудра одлука. Преиспитајте ги вашите ставови околу ова прашање. На крајот можете да останете сосема сами. Во овој период ќе вложите многу енергија и труд за дружење, нови љубовни врски, решавање на проблеми и сл. Посебно добар за љубов ќе биде овој период за родените ов третата декада, можеби конечно ќе почнете да ги налаизирате настаните и да донесувате реални заклучоци. За некои сериозноста и созревањето нема да биде многу среќна, меѓутоа тоа е период кој мора да го пребродите и позредли да почнете да му приоѓате на љубовните проблеми. Состојбата во семејството се подобрува, ќе имате прилика да му ставите крај на некои стари проблеми. Подобрете ги односите со браќата или сестрите, прекинатите роднински врски исто така обновите ги, во овој период поддршакат од најблиските ќе ви биде многу потребна. Љубовните патувања исто так добро ви се аспектирани, па доколку планирате да отпатувате некада со партнерот сторете го тоа веднаш.

love-horoscope-horoscope-virgo-horoscope-of-year-2015ДЕВИЦА
Посебно интересен и поволен месец за Девиците е токму Март. Преку целиот месец љубовта ви е позитивно аспектирна со мали негативни турбуленции. Многу од вас ќе имаат прилика да ја крунисаат својата љубов, а посебно постарите Девици или оние на кои полето на љубовта им било замрзнато. Првата декада е посебно поволна за стапување во брак, додека во втората постои можност за нова и трајна љубов, меѓутоа со поголема разлика во годините помеѓу партнерите. Како и да е важно е дека ќе биде среќна. Можни проблеми планетите најавуваат кон крајот на месецот посебно за родените во првата декада. Проблемите ќе бидат предизвикани од вашите блиски пријатели највероватно ненамерно, но сепак проблемите успешно ќе се решат. Доколку сте слободни не препорачуваме влегување во нова љубовна врска, посветете си го овој месец лично за себе создадете нов имиџ, сменете нешто на себе и бидете подготвени за месец Април кога ќе се случи нешто навистина убаво. Некои од вас ќе имаат прилика да бидат во љубовна врска со некоја популарна личност. Исто така во овој период зголемената комуникативност ќе ви помогне да го зголемите кругот на вашите пријатели. Втората половина од месецот е поволна за семејството и домот. Ќе ви се случи некоја новина можеби ќе имате нов член на семејството промена на место на живеење, подобра куќа, стан и сл. или пак едноставно влегуваат поголема сума на финансиски средства во семејството. Ќе патувате доста, па доколку сте слободни ќе имате прилики за кратки љубовни авантури. Ако сте во брак бидете внимателни во последнта недела од Март, ве очекува некое разочарување од страна на партнерот и нагло прекинување на врската. Во овој период сите активности ќе ви бидат поврзани околу семејството повеќето се позитивни меѓутоа постои опасност и од некаква измама и некаква штета во домот. Во целост ова е одличен љубовен месец за сите Девици, па ќе биде штета да не го искоростите посено као планирате влегување во брак.

love-horoscope-horoscope-libra-horoscope-of-the-year-2015ВАГА
Одличен месец за љубов за сите Ваги особено за родените во втората декада и оние кои се во брак. Планетата на љубовта и вашиот владетел Венера е поставена во вашето петто поле или полето на љубовта. Ве очекува хармонизација на односите со партнерот и може да се каже дека во бракот го минувате најубавиот месец во годината. Ќе бидете изненадени како лесно постигнувате хармонизација на односот со релатовно малку труд. Ако не сте во брак и имате трајна врска, ова е вистинското време тоа да го сторите. Исто така периодот е поволен и за слободните. Ако во изминатиот период не сте стапиле во нова љубовна врска или не сте ги средиле односите со постоечката крајно време е да го направите тоа. Вашиот партнер добро ќе ја почуствува вашата стабилизираност, доста веќе ви префрлува за вашата неозбилност и непостојаност. Докажете му дека со вашите емоциите раководи умот и свесни сте за вашите постапки. Родените во третата декада ги очекуваат незаборавни љубовни авантури. Во втората половина од месецот ќе имате исклучителна прилика за авантура, но да ве предупредиме дека ќе следи и мало разочарување. Личноста со која ќе стапите во врска нема да биде според очекувањата. Привлечноста е интересна само во почетокот на врската, а вие набрзо ќе сватите дека освен тоа во партнерот нема ништо друго што вам ви треба. Не се разочарувајте, поминете го овој прекрасен период со ведрината која ја имате. Оние кои се во сериозна врска нема да имаат доволно разбирање со партнерот во средината на месецот, меѓутоа тоа ќе биде само за кратко. Можни се мали љубовни незадоволстава, но со малку толеранција тоа ќе го средите.

love-horoscope-horoscope-scorpio-horoscope-for-year-2015СКОРПИЈА
Состојата во љубовта наизглед ќе ви се чини дека е добра, но највероватно само се залажувате околу тоа. Можеби работите ги гледате премногу нереално или пак страстите ви ја заматиле јасната претстава за реалноста. Но како и да е некој порано некој подоцна ќе сватат дека се наоѓаат во тешка положба од која излез ќе најдат само оние кои ќе бидат поупорни, пофлексибилни и поистрајни. Големиот број на деловни обврски и малку слободно време ќе предизвика кај партнерот незадоволство, а можеби и љубомора која тешко ќе можете да ја надмините. Постојано обезбедувајте си алиби за своите отсуства, па така можеби дел од проблемите ќе ги решите. За многумина од вас врската е само навика, па можеби токму во овој период ќе сватите дека е време нешто да се промени. Од ваквата желба може да произлезе нова љубовна врска меѓутоа многу тешко дека и другата ќе биде срќна. Периодот не е идеален за стапување во нова љубовна врска, без разлика дали напуштате стара и влегувате во нова или пак сте слободни и барате возбудување во новата љубов. Можеби добро е во овој период малку повеќе да се навлечете во вашите фантазии и многу подобро да ги проаналзирате вашите барања околу тоа каков партнер ви треба. Воздржете се уште малку, многу повеќе среќа ќе имате во наредниот месец. Ако навистина се чувствувате осамени и ви треба некаква промена дружете се повеќе со вашите блиски пријатели, излегувајте почесто. Уште подобро би било ако тоа го правите со личности од спротивниот пол или некои ваши блиски колеги спрема кои имате некакви чувства, но работата не ви го дозволува тоа. оние кои пак не ќе можат да му одолеат на додворувачите и ќе влезат во љубоивна врска ќе си внесат немир во емотивниот живот. Постојано ќе наидувате на несеризони личности кои само дополнително ќе ве разочараат.

love-horoscope-horoscope-protection-annual-horoscope-2015СТРЕЛЕЦ
На љубовен план овој месец ќе биде доста интензивен. Венера планетата на љубовта поставена е во вашето трето поле или полето на комуникациите и е добро аспектирана од Марс. Со други зборови одлични ќе комуницирате во љубовта. Првата половина од месецот ви носи многу љубовни возбудувања. Тешко ќе можете да ја задржите внатрешната рамнотежа и смиреност а и ќе немате потреба за тоа. Постојано ќе бидете возбудени со многу љубовни понуди многу кратки и слатки авантури, а за некои нова и среќна љубовна врска. Време е да вложите малку повеќе на ова поле, бидејќи токму во овој период состојбата е доста поволна, па можете многу работи кои ви пречеле токму сега да ги решите. Многу од вас посебно родените од втората декада ќе размислуваат за авантури, а често и ќе флертуваат. Шармот ви е нагласен, па нема да ви биде тешко да ги освоите личностите од спротивниот пол. Меѓутоа немојте подоцна да се покаете. Партнерот ќе почуствува дека нешто се случува со вас и брзо ќе реагира на сличен начин. Во тој случај разделувањето е неминовно. Кон средината на месецот во краток период ќе почуствувате мала хаотичност во мислите и емоциите. Тешко ќе можете реално да ја прецените ситуацијата во која се наоѓате, а и своите желби. Последната недела од овој месец повторно се враќате во елементот. Тоа ќе се случи бидејќи Сонцето влегува во за вас пријателскиот знак на Овен. Повторно ќе бидете срдечни и пријателски раположени меѓутоа ќе постои опасност за дружењето да се претвори во конфликт. Тоа посебно важи за Стрелците од третата декада. Ќе ве пратат доста бурни страсти но тоа нема да оди во прилог на стабилноста на врската. Користете ги енергетските потенцијали со мерка, бидејќи лесно може да се случи наместо привлечност кај луѓето да предизвикате потреба за одбрана. Во овој период во секој случај ќе имате голема поддршка од планететите, па искористете го.

love-horoscope-horoscope-capricorn-horoscope-for-year-2015ЈАРЕЦ
Состојбата во љубовта не е многу сјајна, но исто така не е ни лоша. може да се каже дека март ќе биде прилично пасивен период за вас, па така слободно можете да размислувате за она што поминало, каде сте згрешиле и што во иднина треба да направите. Најважно е дека нема да ви биде досадно, бидејќи постојано времето ќе го пополнувате со пријателите, вашето хоби или пак некои активности околу домот и семејството. Страстите ви се на ниско ниво, но тоа не значи дека односот со партнерот ќе ви биде лош. Кризата и монотонијата во врската постојано ќе ја префрлувате на партнерот, а тоа уште повеќе ќе ги разгорува проблемите. Некои од вас ќе се обидат да се борат и нешто да променат, меѓутоа малкумина ќе имаат успех. Проблемите најачесто ќе ги решите во друштво на старите пријатели, меѓутоа излегувањата и лудиот ноќен живот нема да ви го донесат посакуваното опуштање. Ќе ви треба осаменост моменти на одмор. Тоа донекаде ќе ви ја подобри ситуацијата меѓутоа доколку претарате може да ве донесе до депресија. Оние кои се во брак исто така ќе минуваат низ криза се повеќе ќе наоѓате мани во партнеротивте постапки и се повеќе сте преокупирани со самите себе. Оние кои се во трајна врска лесно можат да се заљубат во друга личност, некоја која само малку повеќе може да ви обрне внимани и покаже разбирање за вашите проблеми. Со пријателите доста ќе се дружите, но и на најмали провокации ќе се лутите и ќе се повлекувате во себе. Во втората декада од месецот ќе имате доста интензивни контакти со пријателите, некои можеби ќе отпатуваат и тоа донекаде значително ќе ја подобри состојбата во љубовта. Ако тоа се случи очекувајте кратки необврзувачки авантури кои добро ќе ви дојдат. Последната недела од месецот е доста критична за љубовта и би било добро во овој период да бидете максимално активни бидејќи ќе немате никаква подршка од планетите. За секој чекор што ќе го превземете, размислувајте добро за последиците, бидејќи навистина можат да бидат фатални. Односите во семејството ви се променливи, средината на месецот ви е доста хармонична меѓутоа не и крајот.

love-horoscope-horoscope-aquarius-horoscope-for-year-2015ВОДОЛИЈА
Идеален месец за љубов. Ќе бидете опкружени со личности кои ве сакаат и кои наредните моменти ќе ви ги направат уште поубави. Штом се најдете во слична атмосфера попуштате, а со самото тоа се јавува можност во тоа и да претерате. Ако сте во врска ќе настојувате да ја зајакните врската во која се наоѓате. Работите се приближуваат кон бараната хармонија, внимавајте повеќе на партнеровите желби можат да бидат клучни за она што вие го барате. Стабилноста ви е многу важна, па можеби и ќе ги простите грешките на партнерот кои порано многу ве вознемирувале. Работите ќе ги гледате помирно. Слободните ќе имаат многу прилики но исто така ќе бидат склони кон брзо заљубување. Тоа во моментот воопшто не е добро бидејќи може да ви донесе сериозни проблеми, а можеби и некои афери. Родените во втората декада ги очекува возбудлива средба уште на самиот почеток од месецот. Некогаш долго сте ја планирале, а сега неочекувано самата ќе се оствари. Во средината на месецот поточно после 22 Март работите помалку се дестабилизируваат, но вие нема потреба да ја губите емотивната самодоверба, партнерот накратко ќе го промени своето мислење и тоа ќе биде во ваша корист. Потребно е само да му објасните што делува на вашата загриженост. Немојте да ги потиснувате вашите чуства. Љубовниот живот најповеќе ќе се интензивира кон крајот на месецот, но при тоа можна е и појава на мала напнатост и депресивност кај родените во треатата декада. Отфрлете ги тмурните расположенија тие најповеќе ќе ви пречат во врската. Дури ако не ви се исполнети сите љубовни желби тоа не е причина за разочарување. Останатите Водолии ќе уживаат во убавите моменти со партнерот, а слободните во големиот број на додворувачи и многуте прилики за нова љубовна врска.

love-horoscope-horoscope-fishes-annual-horoscope-2015РИБИ
Поставеноста на Венера планетата на љубовта во знакот на Јарец, во првата недела од Март ќе ви донесе доста среќа во љубовта. Ќе се чувствувате полетно, а љубовните проблеми ќе ви бидат само минато. Ви се смачило од напнатоста и воопшто од сите настани кои се поврзано со љубовта, па сега време е малку да здивнете. Ќе уживате во разговорите со партнерот и поминатото време со него. Оние кои се слободни и понатаму ќе уживаат во слободата без некоја посебна желба да влезат во нова љубовна врска. Барате луѓе кои ве разбираат и со кои можите да делите некакви интереси, хоби и сл. За љубов целиот месец не е многу поволен меѓутоа добро ќе комуницирате во периодот од 9 до 26 март. Во средината на месецот делумно ќе ви се разгорат страсите па можеби ќе се најдете во нечии прегратки, но тоа ќе биде само кратка страсна авантура и ништо повеќе од тоа. Кон крајот на месецот бидете внимателни на вашите постапки со партнерот посебно ако сте во долга љубова врска или во брак. Во последно време премногу барате од партнерот, а и посесивноста ви е нагласена. Некои ќе се користат и со лаги со кои брзо ќе бидат откриени и можеби докполнително да ја искомплицираат ситуацијата. Исто така во овој месец нагалсена ви е затвореноста, постојано ќе се криете во некој ваш свет во кој ќе нема место за никого. Дури и со најдобрите пријатели нема да разговарате, да го кажете она што го чувствувате и што го посакувате. Состојбата во семејството ви е напната, причината најветоватно е во некои тесни роднински односи. Обидете се да се дистацирате од нетрпението и бидете спремни на компромиси. Родените во третата декада ќе имаат нагласени семејни проблеми, можно е некаква грижа околу децата или родителите.

Previous ArticleNext Article