Стил

Трикови за брзо и едноставно пролетно чистење на вашиот дом

Доколку сакате пролетното чистење да не ви одземе цел викенд, погледнете ги следниве неколку трикови со кои можете да го скратите вашето време во средување…1. Исчистете ги решетките од рерната во када
Темелното чистење на рерната најчесто знае да трае и по неколку часа. Доколку сакате да заштедите време, прекријте ја вашата када со пешкир со цел да ја заштитите и врз неа поставете ги решетките од рерната. Потопете ги со топла вода, а потоа додадете една чаша прашок за алишта или детергент за садови. Оставете ја да отстои преку ноќ и наутро кога ќе ја исплакнете ќе забележите дека таа е целосно чиста.

2. Исчистете го вашиот кревет со алкохол
Вотката може да ви помогне да ги убиете илјадниците бактерии во вашиот кревет и со тоа да го дезинфицирате душекот. Едноставно сипете вотка во пластично шише со распрскувач, додајте неколку капки етерично масло (искористете масло од лаванда, кое има и антифунгални и антибактериски својства) и нежно нанесете го рамномерно на душекот од креветот.

3. Лесно чистење на кадата
Доколку сте постојано вознемирени од нечистотиите кои се собираат во вашата када или лавабо, тогаш едноставно нанесете тенок слој масло за бебиња по краевите од кадата и лавабото и нежно поминете со крпа. На овој начин сите идни нечистотии и остатоци од паста за заби и сапун нема да се лепат по ѕидовите на кадата или лавабото.

4. Тестирајте ги перниците
Без разлика дали вашата перница ви е удобна, сепак на неколку години мора да ја менувате. За да откриете дали таа е подготвена за промена, испробајте го овој едноставен тест. Обидете се да ја превиткате перницата на половина. Доколку се врати во основната положба, таа може да сè уште да се користи. Но, доколку остане во превитканата положба, тогаш време е да ја замените со понов модел.

5. Брзо чистење на прозорците
Заборавете на сите оние спрејови за чистење прозори. Најлесниот и најефикасниот начин за чистење е доколку наполните кофа со топла вода, додадете една лажичка детергент за садови и една чаша бел оцет. Потоа со чиста крпа или сунѓер нанесете ја оваа течност на прозорците и избришете со сува крпа. Не само што ќе заштедите време, туку на вашите прозорци нема да се појават никакви траги од чистењето.