Мода, Фото и Видео

⚜️SIGNORI⚜️ со жешка реклама на FASHION TV

Најновата реклама на SIGNORI – “The Power Suit”, наскоро ќе се појави на светскaта модна телевизија Fashion TV. Темата во видеото е животниот стил на еден млад, современ и успешен маж кој го живее својот сон, на кого секој ќе му позавиди: облечен во одело од стилот на 007, вози ферари и е во друштво на прекрасни девојки. Рекламата е режирана од Зоран Стојановски Зонде, македонец кој успешно работи веќе 15 години во Торонто, а позади него има огромни успешни проекти и реклами кои се прикажуваат на Fashion TV.

SIGNORI е македонски моден бренд со светски стандарди, создаден за мажите кои посветуваат внимание на својот изглед и кои сакаат да носат уникатни и софистицирани одела. Основан е врз принципот дека едно рачно изработено одело треба да биде достапен избор за сите џентлемени, кои сакаат да остават силен прв впечаток. Сѐ повеќе мажите инвестираат во својот изглед и затоа SIGNORI ви помагаат да бидете поблиску до светските трендови, да го изградите вашиот стил и секогаш да се покажете во најдобро светло. SIGNORI е единствената компанија која што нуди достапни цени за рачно изработени одела по ваша мерка следејќи ги најновите светски трендови, а сепак останувајќи доследни и на традиционалниот, безвременски изглед.

Previous ArticleNext Article