Астро, Забава

Заблагодарете му се на Овенот во вашиот живот за овие работи

Тој е нестрплив, импулсивен, самобендисан и директен, но и покрај тоа „ве пали“ и ве предизвикува со секој свој потег.

За нивниот неуморен дух
Луѓето на овој знак се одликуваат со огромна, посебно физичка активност. Имаат скоро неограничена енергија. Секогаш се склони кон авантури и истражувања. Чувствата им се огнени, жестоки многу често патриотски. Лесно и нагло се возбудуваат и тешко се контролираат, па често запаѓаат во афективни состојби. Вољата им е скоро секогаш над разумот, поттикната од афектите. Но овој знак секогаш е млад во духот.

За нивната одлучност
Луѓето Овни се инспиративни, брзо одлучуваат. Добри се адвокати, но многу лоши судии, барем така вели астрологијата. Овенот е знак на почеток, раѓање, дава луѓе кои подлегнуваат на сопствените желби, потполно се предаваат на своите потреби, на остварувањето на својата цел, но при сето тоа нестрпливи-за нив желбите мора да се исполнат веднаш. Секогаш искрени (никогаш не лажат) поштени и простодушни се радуваат на животот како деца. Но и тешко учат на своите грешки, ранливи се и брзо закрепнуваат – како деца.

За нивниот интелект и самодовреба
Овенот не е скромен, и не го очекувајте тоа од него. Тој се цени себеси, а всушност само себеси и се познава. Со голема самодоверба, настапува со мислата ,,Јас прв,, сигурен дека се може да направи подобро од другите. Интелектот им е насочен и едностран. Идеалисти се на една и тоа субјективна вистина што може да навлезе во фанатизам. Тешко трпат другите да имаат поинакви мислења. Овенот секогаш е водач, па така од материјалните добра ретко нешто задржува за себе. Меѓу богатството и славата секогаш ќе ја избере се разбира-славата.

 

 

Previous ArticleNext Article