Здравје, Исхрана и Рецепти

Најскапото сирење на светот е од магарешко млеко!

Не се грижете, очите се уште добро ве служат, одлично прочитавте: покрај кравјото, овчото и козјото сирење, на пазарот се појави и магарешко сирење кое со својата цена отскокнува од другите.

article-0-166E773C000005DC-731_634x400

Оваа „луда“ идеја, потекнува од Србија, поточно од специјалниот резерват Засавица, лоциран крај Сремска Митровица. За светската јавност оваа магарешка фарма стана позната кон крајот на годинава, кога повикувајќи се на агенцијата Ројтерс повеќе светски медиуми објавија дека тука се произведува сирење кое што чини илјада евра за еден килограм. На веб страната на резерватот пак, пакување од 50 грама се нуди за цена од 6.000 динари (околу 50 евра), а во луксузно пакување тоа изнесува 7.800 динари (или 65 евра). Цената за килограм е на рамниште на омлет со кавијар во луксузен хотел во Њујорк, но во случајов овој продукт се произведува од 25 литри млеко.

Ова сирење има карактеристична бела боја, ронливо е, а се опишува дека е слично на шпанското сирење „манчего“, но со подлабок и побогат вкус. Сирењето нема маснотии и се верува дека поседува анти-алергиски својства.

– Со овие животни, настрана од фактот дека ги спасуваме од истребување, бидејќи нивниот број е најнизок што некогаш бил, правиме извесни производи кои го помагаат нивното преживување, нивната издршка, како и прифаќањето од луѓето. Никој во Европа не го произведува ова, ниту во светот, не постојат такви информации. Никој и не би го произведувал бидејќи е многу скапо, на нивните пазари тоа би било три, четири или пет илјади евра. Ние се осмеливме да направиме таков производ, да го понудиме за прифатлива цена од илјада евра, а тоа го прави да биде најскапото сирењена светот. Нема поскапо во овој момент, ниту повредно, во толку мали количества како нашето,- вели Слободан Симиќ во видео клипот направен специјално за оваа фарма.

Дел од медиумите во оваа земја објавија дека Новак Ѓоковиќ е меѓу најпознатите муштерии и дека магарешкото сирење е една од тајните за неговиот успех.

Previous ArticleNext Article