Стил

Еве зошто се слави 1 Мај

Меѓународниот ден на трудот 1 Мај денес се одбележува во повеќето држави во светот, вклучително и во Македонија во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права.

133148603

Денот на трудот се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот одржан на 4 мај 1886 година во Чикаго.

Целта на првомајските демонстрации во Чикаго била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден, но полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени. Три години по настаните во Чикаго, на првиот Конгрес на Втората интернационала што се одржала во Париз во 1889 година, е решено секоја година на 1 мај, во сеќавање на работниците од Чикаго да се одржуваат масовни демонстрации.

Први мај претставува и синоним за скара и природа. Традиционално на овој ден голем број граѓани одат на излет во природа.