Здравје, Нега и убавина

“Вампирскиот“ третман на Ким Кардашијан, може да го испробате и кај нас!

Вампирската или PRP терапија може да ја направите и кај нас во Antiaging центарот на PromoItalia. 

blood12f-10-web

Вашето тело поседува моќ да го регенерира и лекува ткивото на сите делови од вашата кожа.Матичните клетки го прават тоа секојдневно во текот на вашиот живот.PRP терапија за подмладување со матични клетки,позната е и како третман за подмладување со сопствена крв.Тоа е зафат кој ја користи моќта на лекување која ја имаат тромбоцитите и факторите на раст во крвта,како би се стимулирала реакцијата на матичните клетки.Матичните клетки помагаат во создавање на нов колаген и крвни садови,во обновување и подобрување на оштетената кожа и го успоруваат и ги бришат знаците на стареење

kim12f-2-web

Опис на третманот
Пред самиот третман докторот со стандардна процедура вади 8мл од вашата крв.Болката која ќе ја почувствувате е еднаква на класичното вадење на крв.Потоа,со посебна техника,односно машина,крвта се центрифугира со голем број на вртења,при што се издвојува плазмата од останатите крвни елементи.
Вашите клетки се вбризгуваат во опуштената кожа и/или во брчките.Се користат многу мали игли,кои се слични на иглите за мезотерапија.Зависно од ефектот кој сакаме да го постигнеме,плазмата се вбризгува во поплитките или подлабоките слоеви на кожата.Првите резултати се видливи после првиот третман,но според искуство во примената на оваа метода,се препорачуваат 3 третмани на растојание од еден месец.Постапката потоа може да се повтори по 12 месеци.

o-KIM-KARDASHIAN-BLOOD-FACIAL-facebook

Опоравување
Непосредно после третманот можна е појава на црвенило,оток или минимална болка во подрачјето кое е третирано.Симптомите се губат после неколку часа.Пациентите веднаш после третманот се враќаат на секојдневните активности.

ПОВЕЌЕ ОКОЛУ ОВАА ПРОЦЕДУРА ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

Previous ArticleNext Article