Здравје, Нега и убавина

Доктор предупредува на опасен контраефект, ако пиете то 2л вода дневно

Стручен магазин пред девет години објави список на популарни митови за здравјето,а заблудата за 8 чаши вода на ден,го завземала првото место.

Постои мислење дека за добро здравје треба да се пие 2,5 литри чиста вода дневно,плус – минус пола литар,во зависност од тежината и физичката активност.Сите медиуми едногласно тврдат дека да се пие малку вода е штетно,треба да пиеме дури и кога не сме жедни.

Сепак,професорот по педијатрија Арон Е. Керол смета дека нема потврдени научни докази за тоа.
 Тој вели дека тие препораки делуваат затоа што предизвикуваат страв – ако организмот не добива доволно вода,почнуваат сериозните здравствени проблеми.

Меѓутоа,медицинското списание БМЈ пред девет години објавил список со популарните митови за здравјето,во кои што сите веруваат.Митот за 8 чаши дневно завземал прво место!

Овој текст многу брзо се раширил по интернетот,а бил и публикуван во популарни списанија.За неколку години излегла и книга на таа тема,но без ефект е сево ова,грижата кај луѓето не престанува.

Препораката за 2,5 литри вода дневно е вистинита,отприлика толку вода ни е потребно.Но,дел од таа вода се наоѓа и во храната,овошјето,зеленчукот,чајот и кафето.

Ако ретко имате желба за вода,Керол советува да не се грижите дека нешто не е во ред,затоа што организмот ќе ви даде многу порано сигнал пред дехидрирање.За бубрезите вишокот вода е штетен затоа што може да ги преоптовари.

Уште полошо е што прекумерниот внес на вода во организамот може да предизвика и инсомнија,поготово ако испиете 2-3 чаши вода пред спиење.

Премногу вода во организамот може да ве доведе во животна опасност.Ова го потврдува случајот за 40 годишната жена која имала посебен режим на исхрана,и пиела по 4 литри вода дневно,па починала од премногу пиење вода.

Треба да пиеме многу вода само кога нашето тело,од било која причина,губи вода: за време на болести,прекумерно потење или зголемена физичка активност.

Чувствувате дека сте жедни? – пијте,но на 8 задолжителни чаши не мора ни да помислите, – заклучува Керол.

Previous ArticleNext Article