Здравје, Нега и убавина

Се што треба да знаете за зголемување на усните со хијалуронска киселина

ПОДРЖАНО ОД Anti Aging Center by Promoitalia

Сензуалните и полни усни се секогаш модерни, атрактивни и го привлекуваат вниманието. Сега можете тоа да го поправите брзо и лесно – со помош на филер, кој ќе ги оформи перфектно контурите на усните и ќе го зголеми нивниот волумен.

18274926_1339835106092766_2305662315378959525_n

Ставањето на филери е брза безбедна и безболна процедура со која се постигнува совршено обликување на усните. Филерите од нановата генерација се базирани на хијалуронска киселина која природно се наоѓа во нашиот организам а галвна функција и е да ја врзува водата, што ги прави апсолутно безбедни и не се алергени.

Хијалуронската киселина е природна состојка на организмот. Таа има позитивно влијание врз кожата, го привлекува молекулот на водата, ја навлажнува кожата и ја зголемува нејзината заштита од штетното влијание на ултравиолетовите зраци. Со стареењето количината на природната хијалуронска киселина се смалува па така доаѓа до губење на волуменот на лицето и усните. Зголемување на усните се прави кај млади особи кај кој постои примарно мал волумен на усни-тенки усни или кај стари особи кај кој дошло до атрофија на ткивото во подрачјето на самите усни.

Постапката се изведува на тој начин што филерот-хијалуронот се аплицира со помош на мали тенки игли по должината на работ на усната или во самата усна за да се постигне саканиот волумен и облик на усните. Постојат повеќе техники за апликација на филерите со кои е постигнува разни ефекти во зависност од желбите како би се постигнал најдобар ефект.

Процедурата е краткотрајна добро се поднесува и после третманот нема болки. После третманот црвенилото исчезнува за неколку часа а отокот за 2 дена. После две седмици препаратот сам се прераспределува и го дава својот прав изглед. Ефектот трае 12 месеци. Волуменот на вашите усни ќе изгледа толку природно, да никој не би помислил дека се резултат на дерматолошка процедура.

Previous ArticleNext Article