Здравје, Нега и убавина

Излечете го опаѓањето на косата со PRP третман

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје
Олгица Стојимировиќ, Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје

PRP ( Platelet Rich Plasma ) e крвна плазма богата со тромбоцити, која со години се користи во медицината заради силниот ефект на регенереција и заздравување на ткивото. Плазмата богата со тромбоцити содржи бројни фактори на раст и биоактивни протеини кои влијаат и на регенерацијата и на обновувањето на косата.

Во кои случаи се применува PRP методата?

Губењето и опаѓањето на косата кај генетски условена андрогена алопеција, автоимуна алопеција ареата или други видови на алопеција на лузни, често претставуваат терапевтски проблем. Со примена на PRP методата во наведениве случаи може да се поттикне растење на нова коса. Тенките влакна се задебелуваат, а изретчената коса се згуснува.Фа кторите на раст и цитокините кои се ослободуваат со PRP терапијата ги стимулираат постоечките фоликули на влакната да растат, влијаат на создавање на нови крвни садови, регенерација и обновување на ткивото на главата. Со примена на PRP методата не се забележани несакани реакции, а може да се комбинира и со други методи за лекување на алопецијата.

Примена на PRP терапија кај андрогена алопеција
PRP терапијата успешно се користи кај андрогената алопеција, алопеција ареата или алопеција на лузни. Најдобри резултати се постигнуваат во почетната фаза на проретчувањето на косата. Со терапијата се активираат фоликулите на влакното кои од стадиумот на мирување поминуваат во активна фаза на растење.

Примена на PRP методата кај мажи со андрогена алопеција
PRP терапијата е индицирана кај мажи со проретчена коса и губењето на влакната особено во делот на челото и слепоочниците, како и на темето. Што порано се почне со терапијата поголема е веројатноста за поголем раст на нова коса.

Примена на PRP методата кај жени со андрогена алопеција
Кај жени со андрогена алопеција PRP методата се применува кај дифузното проретчување на косата во темената регија, во сите стадиуми. Одлични резултати од терапијата се добиваат кај 90% од пациентите. Влакното станува подебело, косата се згуснува, се спречува понатамошното опаѓање на косата. Видливи резултати има после 2-3 третмани,кои  се прават на растојание од 1 месец, а потоа по една процедура на 6 месеци или 1 година.

Примена на PRP методата кај alopecia areata
PRP терапијата може да се примени кај оние пациенти кои имале во повеќе наврати појава на алопеција на одредени делови од скалпот, и кај кои стандардната терапија со кортикостероиди не дала видливи резултати. По PRP терапијата се забележува растење на нова коса во зоните зафатени со алопецијата. За постигнување на убави резултати потребни се 2-3 терапии на растојание од 1 месец. Терапијата може да се примени и на веѓите, доколку се зафатени со заболувањето.

Примена на PRP методата кај алопеција на лузни
Planopilaren lihen, Folikulitis и Diskoiden lupus се заболувања кои се предизвикани од различни воспалителни реакции на скалпот кои ги уништуваат фоликулите на влакното со дефинитивно губење на косата во зафатените регии. Доколку со воспалителниот процес не се уништени матичните клетки во фоликулите на влакното и лојните жлезди, со PRP терапијата можат да се стимулираат на повторно растење. Исто така, во ваквите случаи со PRP методата успешно се контролира воспалението и прогресијата на основното заболување. PRP терапијата се употребува и во случај кога стандардната терапија ( кортикостероиди, антибиотици) не дале резултат. Потребно е да се направат 3-4 третмани на растојание од 1 месец.

PRP методата и трансплантација на косата
По извршена трансплантација на косата PRP терапија овозможува полесно зараснување на раните и ефикасно одржување на пресадените фоликули на влакната.

Vampire-Treatment-For-Hair-Loss-PRP-The-Belgravia-Centre

Како изгледа процедурата на PRP терапија?

За да се добие плазма богата со тромбоцити која ке се аплицира во кожата на главата, на пациентот му се зема минимална количина на венска крв. После центрифугирањето на крвта, со раздвојување се добива плазмата богата со тромбоцити која ќе ослободи фактори на раст и цитокини. Патентираната PRP метода на Promoitalia се одликува со додавање на ДНК активатор, кој ќе ги активира факторите на растење а процедурата ќе има сигурни и долготрајни резултати. Вака подготвената плазма со мезотераписка техника се вбризгува во кожата на главата. Пациентот претходно се анестезира со локален анестетик во вид на крем, па непријатноста од самата процедура е сведена на минимум. Со оваа процедура се стимулираат фоликулите на влакната да растат, се создаваат нови крвни садови и се обновува ткивото на главата. После третманот нема никакви несакани реакции освен благо црвенило кое поминува после 1-2 часа.

prp-hair-process

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

Previous ArticleNext Article